Mercedes-Benz Maybach GLS 600 4-Matic-ЕКСТРЕМЕН ЛУКСУЗ КОЈ ПРЕДИЗВИКУВА

06/01/2020

ВОЗИЛАТА НАМЕНЕТИ ЗА ЗАБАВА, ТОА ДОАЃА ОД ПРЕВОДОТ НА „СПОРТ ЈУТИЛИТИ ВИКЛ“ (СУВ) ЈА МЕНУВААТ СЕВКУПНАТА СЛИКА НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И КАКО ТИЕ ТРЕБА ДА ИЗГЛЕДААТ ВО ДЕНЕШНО И ИДНО ВРЕМЕ. ТИЕ С? ПОВЕЌЕ СЕ БАРАНИ ШИРУМ СВЕТОТ, А ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ОДГОВАРААТ НА ПОТРЕБИТЕ И СЕКОЈ МЕСЕЦ ПРЕТСТАВУВААТ ПО НЕКОЈ СУВ ОД РАЗЛИЧНА КЛАСА.

 

Мерцедес и покрај луксузот што го нуди во моделот „глс“ сепак се одлучи на тој луксуз да стави и крем и јагода и да го нарече Мајбах. Ултра луксузот премиерно беше прикажан Салонот за автомобили во Гвангжу, Кина.

Манифестацијата беше отворена за посетителите на 22 ноември и траеше до 2 декември. Мерцедес е луксузна марка и сега претставува луксуз на луксузот. Нештата мора да одат во тој правец затоа што скоро сите марки од негов ранг претставија или наскоро ќе претстават таков вид возило. Допрва ќе претстави Ферари, а Бентли, Ламборџини, Јагуар, Порше, Ролс Ројс, Астон Мартин, веќе ги претставија.

Покрај скапите материјали, вреди да се спомне воздушната суспензија, а како опција се нуди активна суспензија. Ваквото обесување на тркалата го нарекуваат и интелигентно затоа што севкупниот систем го прилагодува однесувањето на возилото според условите на патот и начинот на возењето. Тое е нешто како внатрешна контрола која ја надгледува удобноста и стабилноста на возилото во секој момент.

Кога патниците излегуваат од возилото, тоа малку се спушта и излегува скала која помага патниците да не рипаат кога се симнуваат. Вакви и слични нешта има еден куп, а како не би имало кога возилото најверојатно ќе се нуди за цена од 200.000 долари и нагоре.

Погонската единица има осум цилиндри поставени во V со силина од 558 КС. Благиот хибриден погон допринесува моторот постојано да штеди гориво и секако да се покаже дека и луксузот мисли на екологијата. Сето тоа го прави 48 волтниот електричен систем заедно со вградениот задвижувач – генератор (исг). Практично тој „исг“ е одговорен за хибридните функции, „е ку буст“ односно враќање на енергијата. Силината се пренесува до сите тркала, по потреба (4 матик), преку добро „испеглан“ автоматски менувач со девет степени.

Брзинските одлики на овој луксуз на луксузите не се важни, овде е важно да се задоволат барањата на купувачите кои трагаат по простор и удобност како во дневна соба и тишина што ја има само планината. Инаку, „мерцедес – бенц мајбах глс 600 4 матик“ првенствено е правен за пазарите како американскиот и кинескиот, светски најголемите.

 

Жарко Атанасовски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.