MERCEDES–BENZ G 580 НА СТРУЈА СО ЧЕТИРИ ТРКАЛА

13/05/2024

Легендарната „г класа“ дебитираше како електричен концепт во 2021, а годинава при крајот на април „мерцедес г 580 с е ку“ беше истовремено премиерно прикажан и во Калифорнија – Беверли Хилс и на Салонот за автомобили во Пекинг. Батерија од 116 kWh е доволна за возилото да измине 470 км, забрзувањето е повеќе од добро, 4,7 сек. до 100 км/ч, а крајната брзина е ограничена на 180 км/ч. Празниот „мерцедес г 580 с е ку“ има во себе 3.085 кг, а со максимален товар од 415 кг, тоа е еднакво на 3,5 тони. Премногу, зарем не!?

Кој ќе го вади ова возило ако некаде заглави? Погонот е на сите тркала, како што доликува на „г класата“, но тежината вознемирува. Сепак овој модел од Мерцедес отсекогаш бил познат по своите врвни способности кога е надвор од асфалтот, а истиот белег го носи и најновата изведба, електричната. Врвните способности се докажани со следново, електричната изведба на „г класата“ може да совладува водени површини длабоки до 85 см. Сепак сето тоа се должи на четирите независни еден од друг електромотори. „Мерцедес г 580 с е ку“ има 18 инчни тркала со пневматици 265/60 и меѓуоскино растојание од 2.890 мм, доволно за удобно сместување на пет возрасни лица. Располага со 4.624 мм во должина, 1.931 мм во ширина и кошаркарски (или одбојкарски) 1.986 мм висина.

Одделот за товар располага со максимален простор од 1.990 л со спуштени заден ред седишта, а вообичаено неговата зафатнина изнесува 555 л. Електричните коњи на број 588 се во комбинација со огромен врежен момент од 1.164 Нм, затоа нека не ве чуди забрзувањето од 4,7 сек. Да не ги заборавиме2ар располага со максимален простор од 1.990 л со спуштени заден ред седишта, а вообичаено неговата зафатнина изнесува 555 л. Електричните коњ=p;доплата. Останатото е класика, веќе знаете многу добро како и на кој начин работи Мерцедес со завршната доработка, со дополнителната опрема и со останатите „ситници“. Останува уште да дознаеме кога електричната „г класа“ ќе влезе во продажните салони и за колку пари ќе се купува. Затоа одиме без шпекулирања за цената, но ако сакате повеќе информации ќе ги добиете од увозникот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.