MERCEDES-BENZ CLA-НОВ, ПРЕКРАСЕН, ИНТУИТИВЕН, ФЛЕКСИБИЛЕН…

31/03/2025

Долгонајавуваниот нов „цла“ веќе е претставен и сега се чека на продажбата, која според планот треба да започне во втората половина од годинава. Концептот прикажан во 2023 год. како да беше подзаборавен, но Мерцедес го одржа ветувањето. Третата генерација како основа ја има новата „мма“ модуларна платформа, веќе видена во моделите „гла“ и „глб“. Едната изведба со погон само на задните тркала има 272 КС и носи ознака „250+“, додека другата има два електромотори и погон на двете оски – 350 4 матик и 353 КС со кои постигнува забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,9 сек. Хибридната изведба, умерена, поседува бензински 1,5 л турбо мотор со четири цилиндри во линија со силина од: 136, 163 и 190 КС, во комбинација со електромотор со 27 КС. Се разбира, ќе има и „амг“ изведба со околу 500 КС.

 

Како во скоро сите нови модели, така и во новиот „цлс“ има зголемување на димензиите во однос на претходниот модел – должина 4,72 м односно за 35 мм подолг, 1,86 м во ширина или за 25 мм поширок и висина 1,47 м со тоа што се додадени 29 мм. И сега јасно е дека имаме нов дизајн, а коефициентот на отпор на воздухот од 0,21 е посебна приказна. Штом сме кај димензиите да го спомнеме и одделот за товар со неговите 406 л, со тоа што електричните изведби имаат дополнителен простор од 101 л во предниот дел од автомобилот. И да, има три екрани од кои едниот е пред возачот да ја покажува брзината на движење, потоа колку е полна односно потрошена батеријата итн (табла со инструменти, 10 инчи), средниот е за навигација и слични нешта, 14 инчи, а тој за совозачот, тој екран е за играње, 14 инчи, да не му биде досадно на совозачот. Батеријата –  со едно полнење автомобилот изминува 800 км, што е повеќе од добро, а за полнење не треба многу чекање затоа што е употребена 800 волтна технологија.

 

„Мерцедес цла“ со силина од 136 и сѐ така до над 500 КС – за секој по нешто. Како што расте силината (и опремата) така и цената е повисока, а за неа ќе се обратите кај увозникот.

 

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

АМСМ | Клуб мобилити
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.