MERCEDES-AMG S 63 E-НЕ ВИСОКА, ТУКУ АПСОЛУТНА КЛАСА

16/12/2022

„Мерцедес амг с 63 е перформанс“ е најмоќната и најголемата лимузина од сите досега во семејството. А за маската и да не спомнуваме, таа е уникатна  досега маската „амг“ ја немало на „с класата“ иако лимузината носела ознака „амг“. Оваа, најновава, за првпат ја има таа толку својствена маска која ја има насите модели со ознака „амг“. Што е тоа толку големо што го има во најновата „с класа“ со ознака „амг“? Како прво, тоа е погонската единица, хибридна, два електромотори со две брзини поставени на задната оска кои поседуваат 188 КС, а се напојуваат од 13,1 kWh батерија.

Системот од електромотори е позајмен од болидите од формула 1, а тојмеханичкиот погон, тој е V8 со работна зафатнина од 4,0 литри и двоен турбо полнач. Со сите електронски помагала во него, развива 603 КС. Заедничката силина резултира со 791 КС доволни за забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,4 секунди. Следното е обесувањето на тркалата и како тоа обесување се подесува споредначинот на возењето и конфигурацијата на тлото. Кога е потребна врвна удобност системот го омекнува подвозјето и чувството е скоро како лимузината да плови по вода, но штом возачот побара нагло забрзување и остро возење, тогаш системот ја претвора лимузината во врвен болид.

Наједноставно кажано, „мерцедес амг с 63 е перформанс“ е две во едно, а најмногу врвна лимузина со сите додатоци што можете да ги замислите, луксуз од највисока класа и над сѐ еденкуп коњски сили. Токму тоа е „мерцедес амг с 63 е перформанс“  во секоја педа има еден куп најсовремена технологија и одбрани првокласни материјали. Ако се за запрашате за брзината ќе следи разочарување. Таа е електронски ограничена на 290 км/ч. Колку ли е вистинската крајна брзина, неограничената?

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.