MERCEDES-AMG PURESPEED-САМО ЗА 250 КУПУВАЧИ

08/07/2024

Штом возилото од марката Мерцедес има наставка „амг“ тогаш таа направа на четири тркала е од тие врвните со сѐ што е најново и напредно и згора на тоа има спортски манири. Најновото „чудо“ со наставка „амг“ е всушност концепт, „мерцедес амг пјуарспид“. Можеби и не е концепт затоа што ова отворено купе двосед е едно од тие 250 кои Мерцедес ги произведе со една и единствена цел да служат како слика од неговата богата тркачка историја. Сите примероци ќе бидат обоени во црвено сива боја, затоа што некогаш Мерцедес учествувал со своите автомобили обиени во црвено сива боја на трките на Леман и Тарга Флорио (на Сицилија).

Во чест на одбележување на тркачката историја, Мерцедес во Монако го претстави купето за кое пишуваме, ултра примерок со вградена најнова технологија, речиси има сѐ од сегашните болиди во формула 1. Како што приметувате од фотографиите нема покрив, а уште помалку ветробранско стакло. Единствено што има е штитник, да го наречеме посебен ролбар, кој го има на болидите поставен над одделот за возачот. Со тоа му се дава можност на сопственикот да почувствува како им е на возачите во формула 1 без ветробранско стакло. Продажбата е посебно наменета за тие што се страсни сопственици на Мерцедес и за некои колекционери, а останатите и да имаат пари ќе можат да го видат само на слика или ако имаат прилика некаде случајно да го сретнат. Кој знае каков мотор има вградено во „концептот“. Можеби е V8 со двојно турбо, а можеби V12, таа истата „дванаесетка“ што ја нарачува Хорацио Пагани за своите егзотики наречени Пагани. А нема да нѐ зачуди ако секој сопственик има можност да бира, на пример од три понудени да си одбере погонска единица. Сѐ е можно дури и хибриден погон, но не ни се верува дека ќе биде чисто електричен.

Во „мерцедес амг пјуарспид“ има од сѐ по малку, малку влијание „мерцедес амг 1“, а малку од денешните формули со употребата на материјали од јаглеродни влакна, малку од некогашните тркачки автомобили и сѐ друго што е најново во светот на технологијата.

Цената официјално не е најавени, но според неофицијалните информации „мерцедес амг пјуарспид“, од серијата Митос, најлуксузната која досега е произведена откако постои марката, ќе чини барем половина милион евра.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.