MASERATI-Првиот Масерати на струја

21/07/2020

Автомобилската индустрија доби уште еден автомобил кој „струјата“ ја користи како погонско гориво. „Масерати гибли“, од 16 јули е најновиот во друштвото на електричните, помалата лимузина од надалеку познатата марка.

Зошто главните во Масерати го одбрале токму овој модел? Од неговото појавување во 2013 година до денес продадени се над 100.000 примероци и тој е во моментов иконата на компанијата, во него сите се крстат бидејќи заработката потекнува главно од него. Затоа што моделот е популарен, одговорните лица одлучија тој да биде првиот во семејството и воедно да се прошири палетата од мотори, има бензински, дизел, а отсега натаму и хибриден, бензинско електричен.

Како што напишавме, автомобилот не е целосно електрифициран, туку хибрид, користи бензински мотор со четири цилиндри во линија чија работна зафатнина изнесува два литри. За поубедливи особини моторот е „зачинет“ со турбо компресор. Покрај бензинскиот, вграден е 48 волтен алтернатор и дополнителен електричен полнач поддржан од батерија сместена во задниот дел од возилот, така што оптоварувањето на оските е доведено до перфекција, напред моторот, одзади батеријата. И како податок важно е да се напомене тежината на возилото која е за 80 кг помала отколку во изведбата со дизел мотор.

Првиот електрифициран Масерати, лимузина со должина од пет метри, постигнува крајна брзина од 255 км/ч и забрзува од 0 до 100 км/ч за 5,7 секунди. Убедливите брзински особини се должат на убедливите 330 КС и максималниот вртежен момент од 450 Нм.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.