Минатиот месец Масерати приреди претставување, каде ако не на тркачка патека. Тоа се бара, проверка на претставеното и тоа не каде било туку како што доликува, место каде може да се видат и почувствуваат способностите на спортското купе. „Масерати гт 2 страдале“, тоа е името на автомобилот кој беше претставен во Абу Даби на патеката Јас Марина. Купето е директен потомок или изведба од тркачкиот автомобил „масерати гт 2“ кој минатата година направи вистински „пепел“ каде и да се појавеше. Ја освои тимската титула (конструкторската) и воедно ја освои титулата во класата на возачи. „Масерати гт 2“ беше толку многу супериорен во однос на конкуренцијата што се поставува прашањето дали годинава ФИА треба да менува нешто во правилникот за оваа класа на тркачки автомобили. 16 пол позиции, 12 победи, седум втори места и пет трети, а сето тоа во европската серија „Фанатик гт 2“ (класа „ам“).
Челниците решија од тркачкиот автомобил да направат друмска изведба. Неа ја нарекоа „гт 2 страдале“ и ќе бидат направени само 914 примероци. Само толку примероци затоа што Масерати отпочна со работа во далечната 1914 година и тоа со производство на тркачки автомобили. Да се заокружи убедливата двојна титула и воедно скромно да се нагласи 110 годишнината од формирањето на Масерати. Во вакви прилики плочката на која е изгравиран бројот на примерокот од тие вкупни 914 е неминовна – значи плочка и на неа име, презиме (на автомобилот), година на производство итн, на пример, „1 од 914“ или „16 од 914“.
Во автомобилот е вграден познатиот V6 турбо мотор на Масерати со зафатнина од 3,0 литри именуван како „нетуно“ (по Богот Нептун и неговиот трозабец копје со три врвови). Овој мотор располага со убедливи 640 КС, a од 0 до 100 км/ч потебни му се само 2,8 сек. Стрелката од брзинометарот застанува на бројката 324 – звучи убедливо, зарем не!?
Оваа реткост на четири тркала велат ќе се продава за малку над 300.000 евра, а пакетот со опрема „перформанс“ најверојатно ќе чини околу 12.000 евра. Сакате да направите нарачка? Велат дека веќе не е можно, „масерати гт 2 страдале“ е разграбан.