Гладот за сув возилата и сличните на нив, но и за чистите теренски возила, не стивнува веќе со години наназад. Пазарот се повеќе и повеќе се ориентира кон овој тип возила и не е ни чудо што производителите го „бркаат“ тој правец во денешниот живот. Еден од тие производители кои со години наназад вредно работи е Ленд Ровер и неговиот нов сопственик, индиската компанија Тата Моторс. Нивните планови се големи и тоа е видливо според динамиката на претставување нови модели. Во моментов конструкторите забрзано работат на најмалото тренско возило односно, од постоечкиот ќе прават „дефендер“ во смалени димензии и новинарите веднаш му „залепија“ соодветно име, „бејби“. Најнапред ќе биде претставен обичниот само со погон на предните тркала, а дури потоа ќе следат електрифицираниот и тој со погон на сите тркала.
Треба да го нагласиме следново, ова мало возило со теренски особини, всушност е само „сув“ возило, но никако исклучиво теренско. Сепак, истото ќе послужи за прошетки надвор од асфалтот, по терени чија подлога не е груба. Според првичните податоци, моделот ќе користи трицилиндричен мотор со зафатнина од 1,5 литри кој веќе се вградува во некои модели. Големите планови на Ленд Ровер заедно со Тата Моторс со новото сув возило треба да почнат во 2021 година за кога е закажано првото прикажување пред светската јавност. На фотографиите е прикажан маскираниот модел кој допрва трбе да излезе пред рефлекторите и фотографските блицеви, а ќе биде сличен со концептот кој беше прикажан во Лос Ангелес во 2012 година наречен „дефендер дц 100 концепт“. Најверојатно Ленд Ровер подготвува конкурент на веќе добро познатиот „сузуки џимни“, некогашниот „самурај“.
Жарко Атанасоски