LAND ROVER-„110“ отсто уживање во кампирањето

02/07/2020

Ленд Ровер си ја обнови старата гарда од возила. Моделите „дефендер 90“ и „дефендер 110“ добија ново руво и сега производителот си ужива во плодовите. Најново во Ленд Ровер е неговата понуда до потенцијалните купувачи на кои им е овозможено самите да го состават списокот од дополнителна, но и сериска опрема. Во понуда се дури 170 начини купувачите да дојдат до саканиот примерок кроен по нивни вкус.

 

Отсега натаму понудата е збогатена и со камперска опрема заедно со шаторот кој се отвора на покривот од моделот „110“. Платнената куќарка е направена според сите строги прописи за престој во природа, дури и во услови на поројни дождови сопствениците да станат суви, а исто така и заштитата од инсекти е доведена до перфекција. И во мочурливи предели престојот ќе биде поднослив и удобен.

Шаторот располага со должина од 2,3 метри, ширина 1,5 и висина 1,3 метри. Оваа марка на теренски возила видела секаков терен и секакви температури, секакви предели, од пустински до џингли, од мочуришта до предели каде нема жив свет и сигурно умеат да понудат врвна камперска опрема со шатор наменет за секакви услови.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.