Кога беше основана групацијата Стелантис од страна на Пежо СА и Фиат Крајслер Автомобили во 2021, челниците веднаш ги одвоиле компаниите кои бележеле постојан минус во создавањето на профитот. Во потесниот круг од тој список се најде и Ланча. На овие компании им беше наложено да направат план за работа за следните години и доколку планот е издржан ќе им овозможат да продолжат со работа, во спротивно ќе бидат затворени. Ланча го изработи својот развоен план и еве ја сега пред светска премиера со нејзиниот легендарен модел „ипсилон“ („ипсилон – 10“). Во првите денови од последниот месец во годинава, Ланча официјално објави фотографија од новиот „ипсилон“, но само на дел од него. Тоа се фотографии кои ја подгреваат атмосферата во претпремиерниотпериод со цел да се зголеми интересот кај јавноста, односно потенцијалните купувачи.
Покрај сериската, Ланча ќе произведе посебна серија на електричен погон од точно 1.906 примероци, а е наречена „едиционе лимитата касина“, правена заедно со познатата дизајнерска куќа за мебел Касина. Зошто 1.906 примероци? Затоа што во 1906 год. е формирана работилницата Ланча од страна на Винченцо Ланча и неговиот близок соработник Клаудио Фоголин. Светската премиера на новиот „ипсилон“ е закажана за наредната година во февруари, најверојатноголемото претставување е резервирано за Женева и тамошната автомобилска изложба што ќе се одржи од 26, односно 28 февруари до 3 март.
Жарко Атанасоски