Ланча полека но сигурно живнува. Се врати серискиот „ипсилон“, а се врати и во рели натпреварите, исто така, со моделот ипсилон и сега на ред е моделот „гама“. Во семејството Ланча никогаш немало сув возило, но сега модата е поинаква. Како вели уличниот говор, „не си ин ако немаш сув“. Возилото ќе биде конструирано на основа од платформата наречена „стла медиум“ која ги опслужува потребите на Стелантис за возила со должина од 4,3 и сѐ така до 4,9 метри. Истата платформа ја користат „пежо 5008“ и „опел грандленд“. Слично ќе биде и со погонските единици, сѐ што е добро е собрано на купче и сите во алијансата ги користат истите. Хибридни погони од секаков тип и чисто електрични, но далиќе има дизел, тоа прашање постојано си го поставуваат многумина на континентов. Додека едни производители вградуваат дизел мотори, други вградуваат исклучиво електрични и бензински.
Да видиме што ќе направи Стелантис. „Ланча гама“ е планирана да влезе во продажба во 2026 година, а ќе се произведува дома во фабриката Мелфи.
Жарко Атанасоски