ЛАМБОРЏИНИ ХУРАКАН ЕВО-ЕВОЛУЦИЈА НА УРАГАНОТ

01/02/2019

Како што одминува времето од првото претставување на моделот „хуракан“, така од оделот за производство ќе излезе по некоја изведба, секоја за себе со по некоја посебна особина. Најнапред олеснетата супереџера, потоа суровиот перформанте и сега „ево“ нешто како еволуција на моделот. Многу електроника и посебна тракција на системот со погон на сите тркала во моменти кога тој систем дозволува пренос на силината само на едно тркало („викл динамик контрол систем“). Тоа пренесување на вртежниот момент на само едно тркало е за момент и веднаш се пренесува на друго тркало, односно каде е потребно, а за тоа „води сметка“ електрониката односно компјутерот.

Активната суспензија всушност е моментално приспособување на подвозјето во дадени услови, асфалтот и неговите особености (рамнини, нерамнини) и диманиката на возењето, на пример, ако возењето е оштро со нагли забрзувања и држење на моторот во полето на високите вртежи тогаш амортизерите се укрутуваат со што автомобилот е речиси „залепен“ за подлогата. За големо чудо кога автомобилот е на паркинг и маневрира да излезе или да се паркира, тогаш задните тркала се вртат во спротивен правец од предните и притоа се добива намален радиус на вртење, така полесно се совладуваат тесните простори на паркинзите. При поголеми брзини задните тркала го пратат движењето на предните и конструкторите велат дека така стабилноста на автомобилот е поголема.

Моторот е ист како во моделот „перформанте“, V10, 5,2 литри работна зафатнина, 630 КС при 8.000 врт/мин. со забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди и крајна брзина од над 325 км/ч.

Покрај овие дополнувања во новиот модел, дизајнерите чепнале и во надворешниот изглед. Предниот сега е поинаков, а измени има и од страна посебно во отворите за воздух. Не бил поштеден ни задниот дел каде издувите се поместени погоре, за долниот дел да биде што порамен така што воздухот ќе се движи побрзо под возилото. Така се добиваат поголеми потисните сили, односно поголема стабилност. Одговорните велат дека сега потисните сили се поголеми за пет пати. Цената е 265.000 долари за основниот модел, а китењето со опремата може да го поскапи возилото за дополнителни 15.000 долари. •

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.