LADA NIVA VISION-ВПЕЧАТЛИВ ДИЗАЈН КОЈ ПРИВЛЕКУВА

20/01/2021

За „Лада нива“, не треба некое посебно претставување. Доволно е да се спомне името и сите знаат што претставува тоа име, дури и најмладата генерација вљубеници во автомобилите. Возило кое претставува закон за совладување секакви терени надвор од асфалтот. Првиот примерок од ова теренско возило бил претставен пред јавноста во 1976 година. Оттогаш наваму секој што возел „лада нива“ вели дека тоа возило е незаменливо, врв.

Од неодамна Лада е купена од Рено кој во својот двор веќе ги има Нисан, Митсубиши и Дачија. Дали ја приметувате лепезата од експерти за конструирање теренски возила. Нисановиот модел „патрол“ беше опејуван во песни ширум Африка, а потоа и низ цел свет, за Митсубиши да не зборуваме, релито Дакар беше негов дом, кога и да се појавеше победуваше. И сега Рено покрај толку големи имиња ја купил и Лада. Според најавите Лада заедно со останатите од алијансата ќе користат една иста платформа (цмф – б) која е приспособлива и е во сопственост на групацијата Рено.

Точно на средина од првиот месец во годината беше објавена фотографија од возило со име „лада нива вижн“. Што крие групацијата предводена од Рено ќе дознаеме во месеците кои допрва ќе треба да дојдат. Можно е да го чекаат Салонот за автомобили во Женева и „таму“ да го изложат, секако доколку ситуацијата со вирусот тоа го дозволи, но како што се одвиваат работите можно е повторно вратите од Палекспо да бидат затворени.

Официјалниот три и пол минутен филмуван материјал го претставува концептот од новата „нива“, но ако серискиот модел биде ист како концептот, тогаш ќе се чека ред пред врата кај Лада. Но, Русите и за тоа имаат „лек“ изграден уште пред 50 години. Фабриката во Тољати некогаш беше најголемата во светот и ако е добро приспособена ќе може веднаш да одговори на барањата без да се чека повеќе од потребно

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.