КОЛУМНА СВОЕРАЧНО-ЦЕЛО Е КОГА ИМА СÉ

04/04/2020

ИСТОРИЈАТА ГИ ПАМЕТИ ПОБЕДНИЦИТЕ НА ТРКИТЕ И ШАМПИОНИТЕ, БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ ВОЗЕЛЕ 7 ТРКИ КАКО ВО ПРВАТА СЕЗОНА НА Ф1, ИЛИ 21 ТРКА ВО ИСТОТО ПРВЕНСТВО 70 ГОДИНИ ПОДОЦНА. СО МЕНАЏМЕНТ НА ПРИОРИТЕТИТЕ, НАЈПРВИН МОРА СИТЕ ДА ЈА ПРЕЖИВЕАТ ЕПИДЕМИЈАТА ВО НАЈДОБРО МОЖНО СЦЕНАРИО, КАКО И ДА ДОБИЈАТ ПОМОШ ДА ГИ САНИРААТ ШТЕТИТЕ ОТКАКО ЌЕ ПОМИНЕ.

 

Наспроти трагедијата што и се случи на Кина со коронавирусот, најголем дел од Европа живееше во убедување дека ќе може да се продолжи по нормалниот пат, можеби со забавено темпо и попатни пречки. Оттука, распламтената криза во почетокот на март ги остави неподготвени оние кои се во бизнисот со организација на трките и кои ќе претрпат големи финансиски штети од недостатокот на тркачки активности.

Иако од бизнис агол може да се разбере нивната заинтересираност трките да се одржат, сепак се чини дека самите не се заштитија од можноста да им биде повлијаено. Кога зборуваме за Формула 1, испадна дека и еден заразен е доволно да прекине цел спектакл од таков ков, обезбеден со правни договори кои имаат „поцвртси темели“ од Бакингамската палата. Токму едниот механичар од Мекларен, повлече карантин за 14 луѓе, и откажување на тимот од трката. Теоретски, доколку тој не појдеше на пат, или самите организатори да успееја да направат поинакви рестрикции, желбата за одржување на трката пред публиката беше силна и се чини дека трка ќе имаше. Она што е непознато се сведува на тоа дали австралиската држава по такво масовно собирање ќе имаше проблеми со ширењето на епидемијата. Голем број туристи дојдоа во Мелбурн, а откако се случија непопуларните одлуки на откажување, тие се соочија со проблеми околу враќањето дома.

Од друга страна, некои настани, продолжија иако со намален интензитет. Така, Kатар организираше трка со мотоцикли, но таму ги немаше главните ѕвезди од Мото ГП класата. Во светот меѓу другите настани кои се случија беше и Европското првенство во снукер и билијард кое се играше во Албуфеира, Португалија, како и „Тур- нирот на кандидатите“ кој започна во Екатеринбург (на 1.600 км од Москва), затоа што Русија реши дека може да ја фарантира безбедноста поради фактот што има само 93 случаи на „ковид-19“. Сепак, и на двата настани беа забележани лица кои недостигаа, едноставно преку ноќ се откажаа од своите настапи.

Во фудбалот на пример, УЕФА им остави на националните федерации „слобода да дишат“ откако принуд- ната пауза ги загрози сите слободни термини. Летово беше резервирано за Европско првенство, па беше нај- дено елегантно решение со поместување на ЕП за летото во 2021 година. Дотогаш, фудбалските федерации ќе имаат можност да го планираат завршетокот на оваа сезона, финалните натпревари од клупските натпреварувања, како и почетокот на новите сезони. Повторно, целината е нарушена, но овој пат само со поместување на датите бидејќи ваквата манифестација може да си го дозволи тоа кога се игра еднаш на четири години. Авто трките и другите натпреварувања кои се возат како посебни сезони секоја сезона, ќе имаат најголема штета.

Во најголем број случаи, таа штета нема да може да се надомести – времето ќе истече, ќе се извозат мини- мален број на трки, а заработките ќе опаднат по сите основи.

Ако се размислува трезвено, треба да се бара начин да се санираат големите штети со цел да не се случи тоа да се одрази на иднината (на пример некоја промотерска куќа или автодром, или тркачки тим, да банкротира поради влијание од ваквите случки.

На крајот на денот, ова е само спорт. Бизнисот мора да биде во втор план, бидејќи историјата ги памети по- бедниците на трките и шампионите, без оглед дали возеле 7 трки како во првата сезона на Ф1, или 21 трка во истото првенство 70 години подоцна. Со менаџмент на приоритетите, најпрвин мора сите да ја преживеат епидемијата во најдобро можно сценарио, како и да добијат помош да ги санираат штетите откако ќе помине. Спортот сигурно ќе преживее, за дел од бизнисите тоа едноставно не може да се каже.

Александар Табаковски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.