Колумна своерачно-КОГА ЖИВОТОТ ЌЕ ТИ ДАДЕ ЛИМОНИ

26/04/2022

ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ТРКАЧКИТЕ СЕРИИ МОЖАТ ДА ИМААТ РАЗБИРАЊЕ ДО ОДРЕДЕН СТЕПЕН, НО НА КРАЈОТ ОД ДЕНОТ, ТИЕ ЌЕ ГИ ОРГАНИЗИРААТ ТРКИТЕ СО ОНИЕ ВОЗАЧИ ШТО ЌЕ ДОЈДАТ И ШТО ЌЕ СЕ ПРИЈАВАТ ЗА НАТПРЕВАР

 

Неочекуваните ситуации се дел од животот, но понекогаш се рефлек- тираат и на многу други полиња како што е кариерата, бизнисот, па дури и на хоби активностите. Тешката економска ситуација во светот не е нова вест, но со пандемијата од Ковид-19 и последните воени дејствија на европско тло, целата слика станува уште покомплексна. Авто спортот е зависен од маркетинг, а тие активности се оние кои „страдаат“ меѓу првите кога светот не функционира како што треба. Но, времето неумоливо тече и стартот на новата сезона си дојде – сакале ние или не. Македонските автомобилисти се соочени со истите проблеми како голем број нивни колеги од други делови на светот – како да ја продолжат својата кариера во услови кога ништо не функционира како што треба на деловно ниво?

Организаторите на тркачките серии можат да имаат разбирање до одреден степен, но на крајот од денот, тие ќе ги организираат трките со оние возачи што ќе дојдат и што ќе се пријават за натпревар. Светот ќе продолжи да се врти и сонцето пак ќе изгрее, колку и да делува тешка некоја ситуација како повлекување на спонзорите или намалени буџети. Повторно, можеби ситуацијата не е розова за да се рекламираат моторни масла, осигурување или друг бизнис, но никој од нас не може да ги избегне тие трошоци: секоја година ќе мора да го регистрираме возилото, ќе мора да купиме осигурување, ќе мора да смениме масло во моторот и така натаму.

Да, психозата е голема кога гледаме ситуации како редици за гориво пред бензинските станици, недостаток на масло за јадење во продавниците – но на крајот од денот, сите „како попчиња“ ќе си ги подмириме сметките на крајот од денот. Верувам дека извесен мал број на луѓе ќе успеат да заштедат или ќе бидат принудени да се откажат од некои свои потреби, но на нив маркетингот не може да влијае. Би рекол: може да влијае на оној поголем дел од пазарот, кој на крајот ќе продолжи да функционира како што продолжува и сè друго. Фиктивното апстинирање или соучеството во психозата дека е крај на светот нема да помогне – само ќе им одмогне на оние кои се зависни од таа маркетинг поддршка, како што во случајот се тркачите. Нивната кариера мора да продолжи, бидејќи сега им се тие го- дини на зрелост и посветеност.

Старата поговорка вели „кога животот ќе ти даде лимони, тогаш направи лимонада“. Искористи го максимумот од ситуацијата. Можеби буџетот ќе биде намален, можеби нема секој да успее да ги добие посакуваните средства, но светот нема да застане. Во таа насока, случајот на Игор Стефановски Иџе, кој од ТЦР трките се сврте кон европското првенство на ридски патеки, го сметам за добар пример. Не знам колку му е „по ќеиф“, но успева да ја продолжи кариерата откако во текот на зимата не успеа да ги продаде автомобилите што досега ги користеше за настап. Дополнително, овие ридско – брзински трки иако не се толку популарни како кружните, сепак во 2014 и 2015 му овозможија да стане европски првак и да се стекне со високо реноме. Во кружните трки не е доволно само да имаш добро подготвен автомобил, бидејќи може да „те вовлечат“ во судир и постојано да треба да се инвестираат пари во поправки. Не би сакал да отворам и друга тема, но дефинитивно и судиите не му беа наклонети кога требаше тој да биде обвинет за предизвикување на некој судир, а обратно неговите конкуренти во неколку наврати му нанесува штети.

Во секоја криза мора да се зачува „ладна глава“. Секоја одлука мора да биде добро пресметана, па дури и онаа на компаниите кои се општествено одго- ворни и го помагаа спортот. Тркалата мора да продолжат да се вртат…

 

Александар Табаковски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.