KIA XCEED FACELIFT-КРОСОВЕР ДОБИ ОСВЕЖУВАЊЕ

22/07/2022

Киа во втората половина од овој месец го претстави обновениот „икс сид“, сув модел кој се произведува во Словачка и засега бележи солидна продажба. За работите да одат според планот, одговорните направија дополнителни чекори. Малку застарениот „икс сид“ одлучија дизајнерски да го обноват, со што ќе го продолжат векот уште околу две години додека не излезе новата генерација. Најчесто ваква „операција“ претрпуваат модели кои ја живеат својата четврта година, а ретко кога и петта година.


Малку поагресивни линии, изменета светлосна групација, редизајнирани одбојници, подотерани погонски единици и секако неизоставните екрани осетливи на допир со димензии од 5,0 инчи, потоа 8,0 и 10,25 инчи. Во зависност од опременоста на автомобилот таков екран добивате. Со одбирање на најопремените изведби добивате најголем екран. Екраните станаа многу битен елемент во автомобилите, што е малку повеќе загрижувачки, но светот сака такви „играчки“, а производителите им излегуваат во пресрет.


Изведбата „гт лајн“ е со најснажен мотор 1,6 литарски, реден со четири цилиндри и турбо полнач. Овој мотор поседува 204 PS и максимален вртежен момент од 265 Nm. Силината се пренесува на предните тркала преку седум степен менувач со двојна спојка. На оваа изведба потребни й се 7,5 секунди до 100 км/ч. И помалиот 1,5 литарскиот „т гди“ мотор е во игра со 160 КС. Основниот модел е опремен со 1,0 литарски турбо мотор кој развива 120 КС и поседува умерена хибридна технологија. Киа сè уште има дизел мотори во понудата – 1,6 литарски со 136 КС и умерена хибридна технологија.  Продажбата на обновениот „киа икс сид“ ќе започне во септември.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.