KIA RIO-„Рио IV“ во ново руво

03/06/2020

Обновувањето на моделот „рио“ е завршено и сега единствено се чека испораката на првите возила, а тоа ќе се случи на есен. Колку моделов од сегментот „б“ е важен за производителот говори и следниов податок. Моторите се заменети со нови кои се електрифицирани, односно во себе имаат благ хибриден систем со што јаглеродниот диоксид во издувните гасови сега е намален од минимални  8,1 до 10,7 отсто. Втора новост во погонските единици е системот за варијабилно отворање и затворање на вентилите. Овој систем Киа го нарекува  „кввд“ (Continuously Variable Valve Duration – CVVD). Што всушност значи тоа? Во зависност од тоа колку се оптеретува моторот, всисните и издувните вентили се отвораат помалку или повеќе. Помало оптеретување помало отворање, а поголемото оптеретување предизвикува поголемо отворање на спомнатите вентили.

Електрифицираниот трицилиндричен турбо мотор го има во две извдби со 100 и 120 КС „извадени од мотор со 1,0 литри работна зафатнина. Тоа се тие нови моменти (читај мотори) во обновениот „рио“, но за љубителите на класиката производителот сè уште го вградува мошне солидниот атмосферски 1,2 литарски мотор со 84 КС.

Покрај изменетиот надворешен дизајн, рестилизираниот „рио“ во одделот за патници добива нов поголем осум инчен екран, а во делот помеѓу брзинометарот и мерачот за вртежи поставен е поголем четири инчен екран со повисока резолуција. Сето тоа е поставено на табла која изгледа како да е направена од јаглеродни влакна.

Во пакетот од измени и дополнувања ќе ја спомнеме богатата електронско дигитална опрема со која возилото станува уште побезбедно. Севкупната сериска и дополнителната опрема што ја има обновениот „рио“ е рамо до рамо со автомобилите од погорните класи.

Изведбата „рио еко динамикс +“ е меѓу првите модели од Киа кој во себе има електрична спојка. Механичката врска е изоставена и на нејзино место е електрониката. Ваквиот систем добил име „интлиџент манул трансмишн“.

Електрифицираните, односно тие со „умерен“ (благо) хибриден погон кај нив можете да изберете во кој режим сакате да го возите автомобилот, во „еко“, „спорт“ и „нормал“. Уште од далеку се приметува големата офанзива на Киа во светски размери, не само на европскиот пазар. Штотуку излезе со обновеното „пиканто“, за неполн месец производителот лансира редизајн изведба од четвртата генерација на моделот „рио“.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.