KIA-ЕЛЕКТРИЧЕН СПОРТИСТ ВО НАЈАВА

25/01/2021

Деновиве се дигна малку повеќе прашина кога Киа го обелодени својот план за наредните петнаесетина месеци во кои треба да лансира девет  електромобили од кои еден ќе биде спортски. Токму тој, спортскиот, предизвика внимание кај светската јавност. Според првичните сознанија и како што велат официјалните соопштенија, автомобилот нема да биде ниту од класата „н“ во сопственост на „колегата“ Хјундаи, а уште помалку ќе биде конкурент на изведбите „м“ и „амг“.

Не дека автомбилот нема да биде брз, но фабриката нема интерес од истиот да прави изведба наменета и за тркачките патеки. Киа ќе се задржи на класата „гран туризмо“, а конструкторот велат дека силината нема да му недостасува на спортскиот модел, туку ќе ја има на претек, а тоа се приметува од забрзувањето, од 0 до 100 км/ч за само 3,5 секунди.

Со овој модел Киа сака да има претставник во светот на спортските автомобили, не од типот на врвните спортски автомобили, но затоа ќе биде дел од егзотиката. Најавата која стигна директно од првиот човек на компанијата, Хо-Сунг Сонг, не содржеше датум кога „спортистот“ ќе истрча на асфалт.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.