ЧИТАЈ | СЛУШАЈ | ГЛЕДАЈ |
„КЕРИ СОТО СЕ ВРАТИ“ ТЕЈЛОР ЏЕНКИНС РЕЈД |
„OUR SONGS“ ANASTACIA |
„GOLDA“ (ГОЛДА) |
![]() |
![]() |
![]() |
Кери Сото е бестрашна и нејзината посветеност да победи по секоја цена не ја прави ниту малку популарна. Во моментот кога ќе се повлече од тенисот, таа е најдобрата тенисерка што ја видел светот. Таа го постави секој можен рекорд и освои дваесет грен-слем титули. Жртвуваше речиси сè за да стане најдобра, со помош на нејзиниот татко, Хавиер, како нејзин тренер. И самиот поранешен шампион, Хавиер ја тренирал уште од двегодишна возраст. Но, шест години по повлекувањето, во 1994 година, Кери седи на трибините на Отвореното првенство на САД и гледа како нејзиниот рекорд го соборува извонредната тенисерка Ники Чен. На 37 години, Кери решава да се врати и со помош на нејзиниот татко да го собори рекордот на Чен. И покрај тоа што на медиумите никогаш не им се допаѓала „Борбената секира“. И покрај тоа што нејзиното тело не се движи како порано. Па дури и ако тоа значи да си ја проголта гордоста и да тренира со човекот кому еднаш му го отвори срцето: Боу Хантли. | Осмиот студиски албум на популарната американска музичарка Анастасија излезе по петгодишна пауза, откако во 2017- та го издаде „Еволуција“, а неговата промоција се одржа минатиот месец, на 22-ри. „Our Songs“ го најави на 8 ноември 2022-ра, во рамките на својата турнеја, истакнувајќи ја неговата специфичност дека се работи за обработка на германски рок-песни, во соработка со издавачката куќа Edel од Германија. Секако, преводот е адаптиран за слушателите од англиското говорно подрачје. Всушност, албумот е комбинација на поп и рок-химните кои со децении се слушале на радиостаниците, со цел да ги збере класиците од различни периоди на едно место, нивните жанрови, претставувајќи ја германската музика на пошироката јавност, меѓународна. „Our Songs“ ги вклучува и верзиите на „Born to Live“ од „Unheilig“, „Forever Young“ од „Alphaville“ и „Still Loving You“ од „Scorpions“, кому му претходеа син- гловите Best Days (28 април), Supergirl (14 јули) и Now or Never (25 август). Останатите шест песни се Beautiful, Monsoon, Cello, Just You (дует со Peter Maffay), Symphony и An Angel. | Светската премиера на „Golda“, снимена во англо-американска копродукција, се одржа на 20 февруари, во рамките на седу- мдесет и третото Берлинале. Филмот го режираше Израелецот Guy Nattiv, по текст на Nicholas Martin. Стоминутната драма е сво- евидна биографија на израелската премиерка Голда Меир, особено во текот на Јомки пурската војна, 1973-та. Додека одговара на прашањата од комисијата (Аgranat), Хенри Кисинџер й укажува дека САД не сакаат да го поддржат Израел во моментите кога нафтената криза кулминира, притискајќи ја да се откаже од Синајскиот Полуостров со кој израелската држава завладеала по шест- дневната битка во 1967-ма. И египетскиот претседател Анвар ел Садат е подготвен да воспостави дипломатски односи со Израел, доколку го исполни американското очекување да го врати Синајскиот Полуостров.
Жанр: биографска драма Актери: Helen Mirren, Camille Cottin, Liev Schreiber, Lior Ashkenazi, Dvir Benedek Режија: Guy Nattiv |