JEEP-И ОФИЦИЈАЛНО ВО СЕМЕЈСТВОТО НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

24/07/2020

Речиси сите производители на автомобили имаат најмалку по едно електрифицирано возило. Ист е случајот и со Џип и со моделите „ренегејд“ и „компас“. Официјално со нив Џип влегува во големото светско семејство на електрични возила. Отсега натаму, сите електро возила од Џип ќе носат ознака „4хе“ – „џип ренегејд 4хе“ и „џип компас 4хе“.

Двата модели не се целосно електрични, туку „плаг ин хибридна технологија“ со која како што велат официјалните извештаи, испуштањето на јаглеродниот диоксид во атмосферата е паднат на само 50 грама на километар, што е запрепастувачки малку во однос на моделите кои не ја користат оваа технологија, односно имаат само еден мотор, тој со внатрешно согорување.

Обата модели користат четирицилиндричен турбо бензински мотор со работна зафатнина на цилиндрите од 1,3 литри. Овој мотор самостојно развива 130, односно 180 коњски сили. Покрај моторот што чади, во двата спомнати модели има и електромотор кој се напојува со електрична енергија од 11,4 kWh батерија. Неговата силина е еднаква на 60 КС и кога ќе се соберат, возилата имаат 190 (изведбата „лимитед“), односно 240 КС (изведбите „теилхок“ и „с“). Забрзувањето од 0 до 100 км/ч се остварува за 7,5 сек. додека крајната брзина од 130 км/ч се постигнува само со електромоторот, а во комбиниран (хибриден) режим 200 км/ч. Батеријата е сместена под задното седиште, затворена во челично куќиште каде е овозможено регулирање на температурата. Со тоа батеријата добива идеални услови за нејзино оптимално работење и искористување.

Во кој режим ќе бидат возени моделите, зависи од тоа како сопственикот ќе одбере, а има три можности. Првата е „хибрид“ кога возилото е задвижувано паралелно од двете погонски единици, потоа „елктрик“ кога е вклучен само електромоторот и во тој случај може да изминете 50 км. Во режимот „е сјв“ моторот со внатршно согорување помага при полнењето на батеријата. Бирачот во кој режим сакате да возите се наоѓа веднаш пред менувачот. И засега тоа е сè. Ако сакате подетално да се запознаете со  „џип ренегејд 4хе“ и „џип компас 4хе“, веднаш обратете се кај увозникот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.