JEEP COMPASS-ОБНОВУВАЊЕ НА „КОМПАСОТ“

01/01/2024

Токму така, обновување на компасот, но не од оние за покажување на страните од светот, туку тој во сопственост на Џип. Има многу ситни козметички измени во моделот „компас“ за 2024 година. Обновениот „џип компас“ нуди четири пакети опрема именувани како „алтитјуд“, „самит“, „оуврленд“ и „треилхок“. Покрај опремата да ги спомнеме и погонските единици „е – хибрид“ (130 КС) и „4 икс е паг ин хибрид“ (240 КС), а тоа „4“ во второспоменатата погонска единица значи погон на четири тркала.

Оваа генерација на „компасот“ во себе има дури 80 сериски вградени сигурносни уреди, а со доплата можете да добиете уште неколку. Како што се приметува, производителот ги вградил речиси сите безбедносни уреди со цел патувањето да го направи попријатно во секакви услови.

Покрај безбедноста, во ова време автомобилот не може да се замисли, а во него да не бидат вградени екрани со околу 10 инчи дијагонала. Паралелно со екраните, некои од нив осетливи на допир, мора да ја спомнеме и можноста за поврзување на уредите со мобилните телефони (андроид и епл) како и безжичното полнење.  И сега сигурно ве интересира цената на обновениот „џип компас“ заедно со неговите четири пакети на опрема. Засега оваа информација и останатите детали ги знае само увозникот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.