И Полска влегува во автомобилската индустрија и тоа на голема врата со електромобили. „Изера сув“ и „изера хечбек“ ќе бидат првите полски автомобили кои официјално ќе бидат претставени во 2023 година. Пред четири години, поточно во 2016 година четири големи полски компании ги здружуваат силите со цел да направат туристичко возило од сопствено производство. Новоформираната компанија „ЕлектроМобилити Полска“ на крајот од месец јули претстави две концепт возила, едното „сув“, а другото комбилимузина (хечбек). Овие два концепти кои набрзо ќе бидат сериски произведувани ќе бидат првите електромобили од домашно производство. Новоименуваната марка „Изера“ носи име од планинскиот венец Изера што се наоѓа во југозападниот дел од државата.
Засега концептите се во развојна фаза и носат кодирани имиња, возилото за забава (сув) го водат како „з 100“, а комбилимузината од сегментот „ц“ е именувана како „т 100“.
Полска не е од вчера во автомобилската индустрија, напротив, тамошните се во таа бранша еден век, а да не зборуваме за тоа дека повеќе производители имаат фабрики речиси половина век, на пример Фиат. Им посакуваме многу среќа и во очекување дека електромобилите ќе стасаат во 2023 година и на македонскиот автомобилски пазар.
Жарко Атанасоски