HYNDAI-Без објаснување, пристигна новиот „санта фе“

12/06/2020

Обновување возило по само две изминати години е над сите очекувања и истовремено ги збунува купувачите, но и конкуренцијата. Малку повеќе е чудна сета оваа ситуација. Засега производителот не дава никакви објаснувања зошто ја обнови четвртата генерација од неговиот „сув“ кој беше премиерно претставен во 2018 година. Не е ни за редизајн, а уште помалку за сосема нов модел. Зборуваме за Хјундаи и „сув“ моделот „санта фе“.

Внимавајте сега. Новиот „санта фе“ користи нова платформа, позајмена од американската испостава. Инаку, на таа платформа се прави тамошната „соната“. Дизајнот претрпе повеќе измени како надвор, така и внатре. Секој што ќе ги прочита овие неколку измени веднаш вели „ова е нов модел, а не некакво си обновување“.

Од фотографиите приметувате дека обликот е сосема друг, нема тука „пеглање“ на брчките, освежување, туку целосни измени. Иста е приказната и внатре, ја нема карактеристичната рачка од автоматскиот менувач, туку посебно копче на централната конзола преку кое се бираат степените. Сега добивате и поголем монитор осетлив на допир со 10,25 инчи дијагонала, а не како досега 7,0 инчниот.

Внатрешноста е изработена од поквалитетни материјали со цел сопствениците да се чувствуваат поудобно, односно Хјундаи ја „засолил“ внатрешноста со луксуз и има намера да ја стигне премиум класата. Продажбата на новиот „санта фе“ ќе започне некаде на крајот од летово и почетокот на есента.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.