Саемската манифестација ЦЕС што секоја година се организира во Лас Вегас е една од омилените за производителите на автомобили. Многу компании таму за првпат ги прeтставуваат своите возила, а не е исклучок ниту Хонда. Две изведби на една основа, едната е наречена „салон“, а другата „спејс хуб“. Првата е комбилимузина со изразен низок профил, а втората е нешто како „сув“ возило во комбинација со еднопросторна каросерија. И едното и другото возило се прототипови и како што велат официјалните лица, тие се автомобили кои ќе влезат во сериско производство од 2026 год. Во моментов Хонда има два целосно електрифицирани модели, „e“ и „e : н ипсилон 1“.
„Хонда салон“ е поинтересна поради дизајнот, има нагласен низок профил, крилни врати и стаклен покрив. Автомобилот е малку помал од класичните лимузини и тоа му дава дополнителна привлечност поради неговата мала висина – изгледа премногу спортски.
Батериите ќе се полнат за време не подолго од 15 минути, но да напомнеме, тоа полнење е од 15 до 80 отсто, додека времетраењето од 0 до 100 отсто не е споменато. Ќе биде интересно да видиме колку Хонда ќе пренесе од дизајнот на прототипот во серискиот модел или ќе има отстапки.
Жарко Атанасоски