HONDA CITY-ХОНДА И НЕЈЗИНАТА „ГРАДСКА“ ЛИМУЗИНА

30/12/2019

На крајот од ноември на автомобилската изложба што се одржа во Тајланд, Хонда ја претстави петтата генерација од моделот „сити“. Известувaњата велат дека тоа е петта генерација од спомнатиот модел, а ниту еден досега не сме виделе кај нас.

На времето се продаваше комбилимузината „лого“ со околу 3,65 м должина, а редовно го имаме моделот „џез“ и толку од малите компактни возила. Следен модел е „сивик“. Да разјасниме неколку работи. „Хонда сити“ е директен конкурент на: „цитроен ц елизе“, „митсубиши лансер“, „пежо 301“, „фиат типо“, „шкода рапид“ и на нив сличните.

Моделот е присутен на пазарите на Блискиот, на Средниот и на Далечниот Исток, Јужна Америка, но засега не е заинтересирана за континентов и пласман на моделот „сити“. Малку чудно, но засега така стојат работите.

Новиот модел има нов надворешен и внатрешен дизајн, во должина се разликува со своите плус 113 mm и сега се вкупно 4553 мм, а во ширина со плус 53 мм има 1792 мм, додека висината е спуштена за 28 мм см во однос на претходникот. Единствено меѓуоскиното е помало за 11 мм и сега изнесува 2589 мм. Треба да се нагласи дека ја дели истата платформа со моделот „џез“.

Од трите погонски единици кои се вградуваат, две се бензински и една дизел. Помалиот по зафатнина, 1,0 литри, има три цилиндри и развива 122 КС со турбо компресор, а поголемиот е со работна зафатнина од 1,5 литри и има „благ“ хибриден систем кој допринесува за заштеда на горивото. Третиот е дизел агрегат исто со зафатнина од 1,5 литри. Погонските агрегати ќе варираат од пазар до пазар и ќе има суштествени разлики во понудата, а тоа зависи од побарувачката. Можеби нешто ќе се смени во политика на Хонда и моделот „сити“ во блиска иднина ќе го видиме и кај нас во понуда.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.