JAGUAR-ВОЗИЛА ЗА ЏУНГЛАТА ВО СООБРАЌАЈОТ

08/01/2020

Моделот „Јагуар ф тип“ е намeнет исклучиво за индивидуалистите, но никако за љубителите на лимузините и сув возилата. Тие што сакаат автомобили со повеќе од две седишта, тие се сосема друга група купувачи и љубители на автомобили.

Оваа првата се знае, таа не бара лимузинска удобност, туку обожува спортски дизајн, спортска положба на возачот, седиште кое целосно го опфаќа телото и секако автомобилот да е строго во купе изведба. Токму тоа го нуди Јагуар со моделот „ф тип“. Ова се првите фотографии од него, а фабриката со право е горда на новото чедо за кое велат дека е редизајн, но купето кажува многу повеќе, како да е сосема нов модел. Купето ќе биде погонувано од неколку мотори со силина во распон од 300 до 575 КС. Добра солуција од производителот, за секого по нешто, има избор да се одбира од најмалку до најмногу и сега секој купувач нека си прави како што му чини и колку пари наумил да даде за новиот „ф тип“. Понудата ќе биде именувана како: „ф тип“, „ф тип р динамик“ и „ф тип р“.

Најмалиот мотор по зафатнина има само 2,0 литри, со турбо компресор поседува 300 КС, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч го остварува за време од 5,55 секунди. Овој модел е основниот и ќе чини не повеќе од 70.000 евра. Потоа следат изведбите со V6 мотор со 340 и 380 КС и тие со V8 мотор со 450 и 575 КС. Моделот со најмоќниот мотор има забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,5 секунди. Овие бројки се тоа што се очекува од типичен спортски купе автомобил.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.