MERCEDES BENC VIZION SIMPLEX KONCEPT

01/11/2019

ГОДИНАШНАВА МАНИФЕСТАЦИЈА ПОСВЕТЕНА НА АВТОМОБИЛИТЕ ШТО СЕ ОДРЖА ВО СЕПТЕМВРИ ВО ФРАНКФУРТ, ЌЕ БИДЕ ЗАПАМЕТЕНА И ПО МАЛКУ ЧУДНИОТ КОНЦЕПТ НАРЕЧЕН „ВИЖН СИМПЛЕКС“, НАПРАВЕН ОД МЕРЦЕДЕС.

Од појавувањето на моделот „симплекс“ во 1902 година до денес поминати се 117 години и бројката не е заокружена да се слави јубилеј, но Мерцедес без никаква причина, изненадувачки го претстави концептот „вижн симплекс“. Возилото само по себе ја претставува иднината на Мерцедесовите автомобили, но незаборавајќи ја традицијата и минатото. Тој, некогашниот „симплекс“, не овој новиов, всушност е тркачки автомобил правен по идеја и нарачка од Емил Јелинек, татко на Мерцедес. По името на тоа девојче, автомобилите од Штудгарт ќе бидат наречени Мерцедес, а прв кој го носи името Мерцедес е токму „симплекс“.

Автомобилот како што напишавме претходно, е направен по нарачка, а повод се трките и затоа неговото прво појавување се случило во Ница на трка. Кога новиот модел стигнал до местото каде биле присутни останатите тркачи со своите автомобили, предизвикал големо внимание, затоа што таква ниска конструкција дотогаш никој немал видено, а уште помалку направено. Добрите познавачи на автомобилската индустрија и експертите велат дека „мерце- дес симплекс“ е првиот современ автомобил, претходник на тие од вчера и на овие денешниве. Тој послужил како основа за развој на останатите автомобили од тоа време.

Концептот „вижн симплекс“ е верна копија на првиот симплекс, но направен со помош на најнова технологија и прецизна изработка. Сега концепт двоседот во себе нема мотор со внатрешно согорување, туку електричен, се следат современите текови. Тој стариот „симплекс“, тркачкиот, имал четирицилиндричен мотор, бензински, со зафатнина од дури 5,9 литри, а развивал 35 КС. Производителот направил и туристичкиот модел чиј мотор имал 5,3 литри зафатнина и добил благо покачување на коњските сили, 40. Од овој легендарен модел на Мерцедес во 1903 год. била направена и луксузна изведба со мотор од 9,26 литри со 60 КС. Наравоучение – луксузот потекнува од „моделот“ симплекс, односно првиот производител на луксузни автомобили е Мерцедес, а не Ролс Ројс, Бентли и на нив сличните. На фотографиите, „симплекс“ некогаш и денес.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.