Green NCAP – СЕДУМ ВОЗИЛА ГИ ДОБИЈА НАЈВИСОКИТЕ ОЦЕНКИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ТЕСТИРАЊА

25/06/2019

ДЕНЕС EURO NCAP ГИ ОБЈАВИ БЕЗБЕДНОСНИТЕ ОЦЕНУВАЊА ЗА СЕДУМ НОВИ ВОЗИЛА, ОД КОИ ТРИ ПРВПАТ СЕ ОЦЕНУВАНИ ГОДИНАВА: AUDI СО СВОЈОТ ПРВ ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧЕН МОДЕЛ, E-TRON, VOLKSWAGEN T-CROSS И ХИБРИДНИОТ LEXUS UX. EURO NCAP, ИСТО ТАКА, ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ И ЗА НОВАТА MAZDA 3, RENAULT CLIO V И ПОСЛЕДНИТЕ TOYOTA COROLLA И RAV4. СИТЕ СЕДУМ ВОЗИЛА ДОСТИГНАА МАКСИМАЛНИ ПЕТ ЅВЕЗДИ СОГЛАСНО НАЈНОВИТЕ СТРОГИ КРИТЕРИУМИ.

 

Со пробивот на сè повеќе електрични возила на пазарот, на овие тестови четири електрични возила беа тестира ни во компарација со петрол и дизел моторните возила. Беше тестиран новиот целосно електричен 4×4 на Audi и може да се споредува со Tesla Model 3 (најавен за подоцна годинава), Jaguar I-Pace и Nissan Leaf тестирани под истиот режим во 2018 година. Corolla, RAV4 и UX беа хибридни возила.

Toyota Corolla, европската замена на Auris, повторно беше тестирана во седан и скратена верзија во соработка со сестринската организација на Euro NCAP, Australasian NCAP. И двете варијанти добија по пет ѕвезди. Во истата категорија се најдоа и Clio V и Mazda 3. И двете возила покажаа исклучителни резултати во тестовите за Заштита на возрасни патници и Заштита на деца патници и се силни конкуренти во категоријата на мали фамилијарни возила.

Новиот VW T-Cross e мал супермини кросовер базиран на Polo тестирано во 2017 година. Додека Polo веќе нуди многу безбедносни елементи, T-Cross е дополнет со елементот за држење на линија на движење (lane assistant) кој спречува ненамерно излегување од лентата на движење и интервенира во некои покритични ситуации.

Michael van Ratingen, Генералниот Секретар на Euro NCAP изјави: „Охрабрувачки е да се види дека сите производители беа добри, без разлика на погонот или класата во која беа тестирани. Новите возила на пазарот продолжуваат да нудат понапредна технологија како стандард, системи кои не беа сметани ни како опција пред некоја година. Производителите на возила мора да одговорат на сите нивоа на очекувања на корисниците, но додавањето безбедносни елементи е често предизивикувачко во пазарните услови. Без разлика на ова, ние ги забележуваме најновите трендови на технологијата поставени како стандард на многу од најпродаваните фамилијарни возила во Европа“.

 

 

Мирко Гигов

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.