EURO NCAP ЈА ЗАОКРУЖУВА ГОДИНАТА СО РЕЗУЛТАТИ ЗА УШТЕ ДЕСЕТ ВОЗИЛА. ПЕТ ЅВЕЗДИ ИМ БЕА ДОДЕЛЕНИ НА FORD PUMA, MG ZS EV, MG HS, NISSAN JUKE, VW GOLF И НА AUDI Q8. ТРИ ЅВЕЗДИ ИМ БЕА ДОДЕЛЕНИ НА AIWAYS U5, VW UP! И БЛИЗНАКОТ, THE SEAT MI И ŠKODA CITIGO.
VW Golf претставува стандард за компактни возила од своето деби пред 45 години. Претходните верзии, тестирани од Euro NCAP беа добро оценети во однос на критериумите во своето време и новата осма генерација на Golf повторно постигна цели пет ѕвезди благодарејќи на одличната безбедност од удари и стандардната опременост со системи за асистенција. Golf, исто така, е првиот Volkswagen што ја користи конектираноста V2X (возило со возило, возило со инфраструктура) за да овозможи предупредувања од опасност однапред, важна нова технологија што наскоро ќе биде вклучена во оценувањата Euro NCAP.
Но, по VW Sharan, кој беше објавен минатиот месец, Golf е второто возило VW тестирано од Euro NCAP кое има проблем со отворањето на вратите по тестот од странични удари. VW тврди дека Golf е типски одобрен со стандардна автоматска функција за заклучување и верува дека оваа опција ќе спречи отворање на вратите во реална сообраќајна незгода. Како и да е, VW врши дополнителни испитувања за ова однесување на вратите бидејќи тоа не е забележано во претходните тестирања на Golf. Мишел ван Ратинген изјави: „Отворањето на вратите за време на сообраќајна незгода се казнува од Euro NCAP од самиот својот почеток бидејќи тие претставуваат голем ризик за исфрлање на патниците. Денес отворањата на вратите се ретки и затоа е важно VW да му се посвети на пронаоѓањето на изворната причина за тоа.“
Volkswagen, исто така, изврши дополнителни промени на својот up! Supermini и на близнаците Seat Mii и Skoda CITIGO. Функцијата AEB, која беше достапна како стандардна кога овие возила беа последен пат тестирани во 2011 година, е исклучена и без оглед на некои нови унапредувања, овие возила изгубија две ѕвезди во однос на претходните оценувања. Од друга страна, пак, Ford Puma постигна одлични резултати, со добри резултати во сите четири категории. Со пет ѕвезди на појасот, Puma пристигнува на пазарот како еден од најбезбедните избори во сегментот со ниски цени.
Исто така, нови на пазарот се MG ZS EV и MG HS, двете возила во згуснатиот сегмент на компактни возила SUV, произведени и дистрибуирани директно од кинескиот автомобилски конгломерат SAIC Motors. Со импресивната листа на опрема и со добрите резултати на тестовите Euro NCAP, овие возила може да се натпреваруваат со многу европски, јапонски или корејски модели. Истовремено, без страв од силната конкуренција, Nissan го надгради својот значително продаван модел Juke кој доби врвни оцени.
Помалку среќен беше комплетно електричниот Aiways U5, прво возило на кинескиот старт ап што е лансирано на европскиот пазар и тестирано од Euro NCAP. Овој SUV со елегантен и футуристички изглед имаше проблеми со тестовите за странични удари, при што ги изгуби сите поени во овој сегмент, а дополнително изгуби поени во функционалноста AEB за пешаци и велосипедисти. Со ова U5 постигна единствено три ѕвезди. Производителот истакна дека веќе работат на слабостите на возилото и очекуваат новопријавениот U5 за евалуација да биде едно од најбезбедните средно големи возила SUV што се достапни следната година.
Мишел ван Ратинген изјави: „Операторите на возни паркови и консументите добиваат старо вино во нови шишиња, со оглед на тоа дека нема многу ново во овој дизајн на Zafira Life. Опремата и очекуваните перформанси се толку назад во однос на новите критериуми, што самото оценување го прави бесцелно. Под притисок на Euro NCAP околу немањето транспарентност и лажните тврдења за безбедноста, Opel – Vauxhall ќе воведе некои промени во моделите на комбиња за 2020 година. Овие промени нема да можат да го надоместат недостатокот на амбиција што PSA го демонстрираше во врска со подобрувањето на безбедноста во комерцијалниот сегмент на комбиња.“
За целосни резултати посетете ја: www.euroncap.com