GENESIS G80-СТИЛ, КЛАСИКА И ЛУКСУЗ

28/04/2020

Oд Далечниот Исток ни доаѓа нешто класично во вистинска смисла на зборот, нешто добро изработено, нешто повеќе од луксуз, нешто од премиум класата во лимузинска изведба. Луксузната дивизија на Хјундаи именувана како Генезис ја претстави новата, трета, генерација од нивната лимузина „г 80“. Лимузина но сo апетит да истакне купе облик, така што сега лимузината е купе лимузина. Како и да е, сепак, ќе се сложите дека Генезис тргнал сериозно во поход на европските производители од премиум класата. И рака на срце, добиле конкуренција која наскоро може да предизвика потреси како што сега малку по малку тоа го прави на американскиот пазар, а тоа не е било кој туку најголемиот.

 

Сериозноста на производителот се огледува во завршната обработка на материјалите кои се со врвен квалитет. Велат дека не штеделе на ништо, но и дека не се расфрлале. Сè е во знакот на класиката и луксузот, а тој е одмерен и не нападен туку онолку колку што треба. Новиот модел има три погонски единици, две бензински и една дизел. Бензинските се со зафатнина од 2.5 литри со турбо компресор и со четири цилиндри во линија и развива 304 КС, а пак другата, поголемата по зафатнина, 3.5 литри и шест цилиндри во V, поседува 380 КС извлечени со помош на турбо компресор. Покрај овие две како што спомнавме има и четирицилиндричен дизел чија работна зафатнина изнесува 2,2 литри со 210 КС. Добар избор на мотори, за сечиј вкус, но и за сите меридијани има подготвено по нешто. Ако автомобилот тргне да се продава и на континентов, сигурно најпродавана ќе биде изведбата со дизел агрегат. Новата лимузина од Генезис нуди стил, препознатлива класика и не нападен луксуз.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.