FORD PUMA ST POWESHIFT-ПОМАЛАТА „ПУМА СТ“

21/03/2023

И покрај тоа што во семејството е веќе присутен член со името „пума“ и прекарот „ст“, сепак Форд се одлучи да лансира за нијанса поумерена изведба. Ако првата има 200 КС извадени од 1,5 литарски турбо мотор со три цилиндри во линија, во „умерена“ изведба е присутен, исто така, турбо мотор со три цилиндри, но неговaта зафатнина изнесува 1,0 литар и развива 170 КС. Зошто Форд се одлучил на ваков потег? Зошто да не, кога веќе ги има тие „еко буст“ мотори и кога сѐ е подготвено. Добро е кога купувачите имаат избор.

За разлика од поснажниот мотор кој за пренос на силината го има шестстепениот обичен менувач, помалиот мотор по зафатнина има автоматски менувач од генерацијата „паувершифт“ со седум преноси. Покрај класиката од погонска единица, вграден е и електромотор и 48 волтна литиум јонска батерија, тоа во превод значи умерена електрификација. Благодет од електрификацијата се 144 гр СО2 на километар во однос на 149 гр СО2 произведени од 1,5 литарскиот мотор. 30 КС помалку знача тповеќе секунди при забрзувањето.

„Форд пума 1,0 ст паувершифт“ постигнува 100 км/ч за време од 9,0 секунди, наспроти 6,7 во изведбата со 1,5 литарски мотор. Моделот „пума“ некогаш беше мало купе со четири седишта или подобро да напишеме 2+ 2, односно две класични и две за крајна нужда (можеме да ги нарeчеме детски седишта). Денес моделот „пума“ е сосема нешто друго, поточно „сув“ модел, затоа што светов денес поинаку ги гледа автомобилите. Не сака класика од купе, туку „сув“ во облик на купе. А тоа „ст“ во семејството Форд значи „спортс технолоџис“.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.