Ford Mustang Mach 1-Со надзвучна брзина

20/06/2020

На конструкторите, поточно на одговорните во Форд им беа потребни 17 години повторно да го претстават моделот „мустанг мах 1“. Малку чудно, но сега е моментот според нив за светска премиера. Името кажува сè, „мустанг“ е нешто како втор заштитен знак во Форд покрај неговото лого.

И веднаш погодувате, производителот го претстави супер купето кое ќе започне да се продава на пролет следната година. Бидејќи спортскиот купе автомобил е од тие кои неретко беа користени за трки, Форд ќе понуди и тркачка изведба, односно комплет, од делови со кои автомобилот се петвора во тркачка машина, а потоа се оди директно на писта, затоа што на таквите таму им е местото.

Моторот има осум цилиндри распоредени во V со вкупна зафатнина од 5,0 литри. Со 480 КС при 7000 врт/мин. Силината се пренесува на задната оска преку шестстепен обичен менувач или 10 степен автоматски во зависност од желбата на купувачот. Во првичните податоци покрај другото, спомнати се 5,7 секунди потребни автомобилот да постигне брзина од 100 км/ч  тргнувајќи од место.

Велат продажбата ќе започне наредната година на пролет и тоа со цена од 50.000 долари за „основниот“ модел. 480 КС за 50.000 долари, тоа е повеќе од солидна цена, а друга поволност е што секој сопственик може да го надоградува својот автомобил затоа што производителот оставил простор за такво нешто. Тоа „мах 1“ во името е нешто како автомобилот брз исто колку и звукот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.