FORD-110. РОДЕНДЕН НА ПРОИЗВОДНАТА ЛЕНТА

11/12/2023

Многумина од вас имаат видено фабричка лента (трака), ако не во стварност, тогаш сигурно на тв. Во денешно време не може да се замисли фабрика без производна лента. Испитувајќи ги можностите за побрзо и поквалитетно производство, Х. Форд заедно со работниците случајно или намерно ја измислуваат подвижната фабричка лента.

 

Првото применување на „лентата“ се случило точно пред 110 години, на 1 декември 1913 год. На почетокот не постоела никаква лента, туку производството се одвивало на следниов начин, шасијата ја правела една група работници, потоа на шасијата биле обесувани тркалата. Кога шасијата ќе добиела тркала, еден работник ја врзувал со јаже и ја влечел од група до група работници, кои вградувале дел по дел на шасијата се додека автомобилот не бил целосно направен. Тоа е првата подвижна производна „лента“.

Оттаму од фабриката на Форд, лентата влегла во сите производни хали низ светот и помогнала да се намали времето за производство на разни материјални добра. Еден автомобил, според официјалните записи од архивата на Форд, бил произведуван за време од 2,5 минути.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.