FIAT STRADA-ВО БРАЗИЛ ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ „ПИКАП“

30/04/2020

Aко на светов му дошло до супер брз луксуз спакуван во купе каросерија, како на пример: „пининфарина батиста“, „ферари рома“, „кенигсег регера“, „апекс ап 0“, „мекларен елва“, „мекларен 620 р“, „нисан гт р 50 италдизјн“ и останатите слични на нив, во земјата на самбата, фудбалот и кафето, конструкторите мислат на нешто многу домаќинско и крајно употребливо – „фиат страда“.

Теренско возило со единечен или двоен патнички оддел и се разбира отворен товарен простор. Овој тип возила ги именуваат како „пикап“ наменети и за патување и уживање, но и за сериозна работа. Некаде во непосредна близина на песокливите плажи, а можно е дејствието да се одвивало и некаде во џунглите, на крајот на краиштата не е важно каде, туку најважно е тоа што Фиат го претстави претходно опишуваниот модел „страда“. Со единечен патнички оддел, носивоста изнесува 720 кг, а со двоен 650 кг. Должината на камионетот изнесува 4480 мм (двојна кабина), а товарниот простор е со димензии 1173 мм на 1059 мм. Најниската точка од возилото до подлогата е солидна, 208 мм, бидејќи аголот на приод кон стрмен предел изнесува 24 степени, што е повеќе од прифатливо.

Во зависност од пазарите каде ќе се продава „фиат страда“ производителот ќе вградува соодветни мотори. Бензинските ќе бидат веднаш вградувани, тоа се 1,4 литарскиот со 89 КС и новиот 1,3 со 110 КС и сигурно за некои пазари камионетот ќе биде испорачуван и со дизелските погонски единици.

Интересно, практично и многу употребливо возило за секојдневно вршење на работите, но и за уживање – да се појде на сурфање, скијање или прошетка по планините надвор од асфалтот.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.