FIAT 600E-НОВАТА „ШЕСТОТКА“ НА ФИАТ

10/07/2023

Фиат отсекогаш бил мајстор над мајсторите за правење мали градски возила, тоа е неговиот корен. Но, во последно време филозофијата  се измени и сега работите имаат поинаков правец на делување. Фиат веќе не е самостоен, туку е во заедничка компанија Стелантис. Деновиве Фиат го претстави моделот „600“ кој нема ништо заедничко со претходникот затоа што сега каросеријата е кросовер со пет врати. Велат употребливата вредност пред сѐ. Така е, тоа Фиат многу одамна го застапува, но сега сето возило е правено на основа од „џип авенџер“. Таа толку голема посебност што ја имаа возилата од марката Фиат, денес како полека да исчезнува. Дуваат некои нови ветрови во новиве времиња.

 

 

Најнапред електрична изведба, а подоцна ќе стасаат и хибридните. Чисто електричниот погон е способен да извози од минимални 400 до максимални 600 км, а полнењето на батеријата до 80 отсто ќе одземе не повеќе од 28 минути. Електричниот погон испорачува 156 КС способни да го понесат возилото од 0 до 100 км/ч за 9,0 сек.

Електронската опрема носи со себе сензори, камери, подесив темпомат, сензори за дожд, магла, за темен простор итн, а тука се и електронските безбедносни уреди.

Производството е планирано да се одвива во фабриката лоцирана во местото Тичи во Полска. Во истата фабрика ќе се произведува и „џип авенџер“. Сума од 36.000 евра ќе треба да одвоите за основниот модел, а 41.000 евра за изведбата со пакет на опрема „ла прајм“.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.