Презентирани ставовите на корисниците во врска со електричната мобилност

15/10/2019

На 24 септември 2019 година, во рамките на европските денови за истражување и иновации, Лориан Крид, генералниот директор на FIA Region I, зборуваше на панел дискусијата посветена на предизвиците и можностите на „паметната електрична мобилност“.

Во дискусијата за неподготвеноста на корисниците да се префрлат на електромобилност, генералниот директор потсети дека потрошувачите сè уште се соочуваат со многу бариери, од недостаток на транспарентност на трошоците, преку неизвесност во врска со идното оданочување до стравот од следење и мониторниг. Во оваа смисла, беа идентификувани три главни области каде е потребно подобрување:

  • Инфраструктура на станици за полнење. Како што е наведено и во истражувањето од проектот „ЕЛВИТЕН“, надминувањето на недостатокот на инфраструктура за полнење е клучен фактор за прифаќање. Корисниците, исто така, имаат потреба од јасни информации и информации во реално време за станицата за полнење, како што е неговата достапност и цените.
  • Перформансите на возилото. За да купат електрично возило, потрошувачите мора да имаат пристап до релевантни и сигурни информации за перформансите на возилото. Потсетувајќи на работата на GreenNCAP, таа истакна дека возилата треба да се оценуваат и за нивните еколошки перформанси на долг рок.
  • Податоци за дијагностицирање. Пристапот до информации за поправка и одржување на електричните автомобили во моментов не е загарантиран со европската легислатива за типско одобрување и тука се потребни дополнителни мерки со кои ќе се обезбеди фер пристап.

Европските денови за истражување и иновации се првиот годишен настан за политики на Европската комисија, кој ги здружува сите заинтересирани страни да дебатираат и да го обликуваат идниот пејзаж за истражување и иновации.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.