Меѓународниот форум за транспорт организираше серија на вебинари во рамките на иницијативата „Побезбедни градски улици“, кои беа посветени на различните начини на кои различни европски градови работат на подобрување на безбедноста на улиците во последните неколку години. На нив, исто така, беше истакнато дека, на сегашната санитарна криза, треба да се гледа како можност за зголемување на безбедноста во градовите.
Од презентираните проекти, FIA Region I го истакна моделот за безбедност во сообраќајот на градот Ротердам, кој причините за појава на сообраќајни незгоди ги анализира користејќи алгоритми за машинско учење. Моделот излезе со интересни заклучоци за корелацијата меѓу брзината на возилото и сообраќајните незгоди.
Од друга страна, пак, Брус МекВјан, вршител на должноста помошник директор во градот Лондон, ја истакна потребата од построги мерки за прекршоците кои се однесуваат на надминување на дозволената брзина, бидејќи тие се третираат благо во споредба со другите опасни обрасци на однесување. Во врска со ова, градот Лондон сега подготвува воведување на ограничување на брзината на 15 милји на час или приближно 24 км на час.
На крајот, Роб Виола, директор за безбедносна политика и истражување на градот Њујорк, го претстави начинот на кој Њујорк ја спроведува стратегијата „Визија нула“ од 2014 година, што доведе до 450 инженерски проекти за безбедност, општо намалување на ограничувањето на брзината на 25 милји на час или приближно 40 км на час, 70 сообраќајни сигнали на поголемите премини и програма од 2.000 инсталирани камери за брзина со автоматско мерење на брзината на движење на возилата во сообраќајот.
Благица Станојевиќ Блажевски