FERRARI SF90 SPIDER-СИВО ЦРВЕНА ИГРА СО БОИ

05/09/2023

Ферариевата „кројачница“ работи со полна пареа и не може да застане да се почини од што има многу нарачки. Најновата е „сф 90 спајдер тејлор мејд“ за купувач кој сака неговиот примерок да биде еден и единствен на земјината топка.

Класиката од мотор не е заменета, таа си е истата, V8 со двоен турбо полнач, но сега е потпомогната од три електромотори, така што вкупната силина изнесува 986 КС. Затоа забрзувањето од 0 до 100 км/ч изнесува само 2,5 сек, а до 200км/ч потребни му се 7,0 сек. Овој V8 мотор е најмногу наградуван во семејството, но и еден од најуспешните на трките.

Одбрана е сивата боја со малку затемнета нијанса која ги нагласува линиите, а широката бело црвена лента тргнува од носот на спајдерот и се протега се до задниот средишен дел. Затемнетото сивило е нарушено и од црвените шепи коидошле до израз и се веднаш забележиви. Покрај бело црвената лента, присутна е и седумката во црна боја со црвени рабови, сместена во долниот дел од вратите, веднаш зад крилата.

Внатрешноста е во манирот на тркачките автомобили. „Обичните“ седишта се заменети со тие изработени од јаглеродни влакна, исто како и 20 инчните тркала. И таму црвената боја доминира, но не повеќе од сивата, така што контрастотод тие две бои е доведен до крајни граници. Цената за „ферари сф 90 тејлор мејд“ е непозната, исто како што е непознат и купувачот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.