И Ферари се придружи на компаниите кои во својата понуда имаат спортско луксузни СУВ модели („ламборџини урус“, „бентли бентајга“, „ролс ројс калинан“) Според Маранелчани првиот сув модел ќе биде наречен „пуросангуе“(чистокрвен) или „пуросанж“. Во моментов Ферари има три мотори на располагање, легендарниот и најмногу наградуваниот V8, потоа вечната класика незаменливиот V12 и од 2014 година го имаат хибридниот од „лаферари“, исто така, со V12 со вкупно 950 КС. Можеби сите три мотори ќе бидат вградувани, а потенцијалните купувачи да бираат што сакаат да возат.
Досега Ферари правел автомобили со 2+2 седишта, но овој пат распоредот на седиштата, најверојатно, ќе биде „ферари со четири седишта“. Според озборувањата сув моделот ќе се продава по цена од 350.000 евра, но затоа официјалните извори веат дека светската премиера е нарачана за утре, вторник 13 септември, 19:00.
Жарко Атанасоски