FERRARI PUROSANGUE-ФЕРАРИ, КЛАСА КРОСОВЕР НЕ „СУВ“

22/09/2022

Пуросангуе или чистокрвен, така вели Ферари и треба да му веруваме затоа што „сув“(?) моделот е навистина чистокрвен…осмислен, скициран, дизајниран и створен во Маранело, мало место во близина на Модена. Сега и Ферари има свој семеен автомобил – пет врати, четири седишта и оддел за товар со 473 литар зафатнина, но во техничките особини службата за односи со јавност заборавила да спомне колкава е зафатнината на тој ист простор откако ќе се склопат задните седишта. Должина од речиси пет метри, ширина дури 2,03 цм и висина 1,6 метри и три метри растојание меѓу оските.

За чистокрвноста да биде доведена до крајност, направена е нова класика од V12 мотор, овој пат со 6,5 литри зафатнина, атмосферски со 725 КС при 6.000 врт/мин. и при тоа развива 725 КС. Таа силина е доволна да го понесе 2.033 кг тешкото возило до крајни 310 км/ч и да забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,3 секунди, а истата се пренесува на сите тркала преку менувачка кутија со осум преноси позајмена од моделот „гтц 4 лусо“.

Тежина два тони и кусур тоа е голема бројка, но колку за утеха, директниот конкурент „ламборџини урус“ тежи 200 кг повеќе. Неговата конструкција е целосно нова и посебно внимание е посветено на намалување на тежината во што и успеале – конструкција од алуминиумска легура плус разновидни јаглеродни влакна за каросеријата и внатрешноста и на крај резултатот е очигледен, а пак торзионата крутост е зголемена за неверојатни 30 отсто во однос на претходно претставените модели, како на пример „ рома“. Распределбата на тежината е 49 отсто на предната и 51 на задната оска, сооднос како во вистинските спортски автомобили.

Малку е чудно во кој правец одат нештата во автомобилската индустрија. Како што тргнале работите возилата од филмот Збеснатиот Макс ќе станат секојдневие, на пример денешните таканаречени кросовери се на чекор од автомобилот кој го возеше главниот лик во спомнатиот филм. „Ферари пуросангуе“ е кросовер, а не сув, така се изјаснија од Ферари за време на светската премиера одржана во Пиза на 13 септември во 19:00.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.