FERRARI 296 GT3-ФЕРАРИ Е ПОДГОТВЕН ЗА 24 ЧАСОВНИТЕ БРКОТНИЦИ

24/08/2022

Полека но сигурно големите играчи во автомобилскиот спорт го комплетираат јатото наречено „24 часови леман“. Ферари се одзва со своето најново дело посебно наменети за трки – „296 гт 3“. Најновиот модел е замена за „488 гт 3“ и за првпат ќе настапи наредната година на светски познатата „24 часови Дајтона“. За разлика од моделот на заминување, новиот веќе не користи V8 туку V6. За сместувањето не прашувајте, тоа е класика, веднаш зад седиштата или централно сместен мотор. Силината е променлива, во зависност од изгледот на патеката колку правци и колку свиоци има, дали правите делници се долги или куси итн.

Затоа велат силината е променлива и се движи во распон од 600 до 660 КС. Не е работата да направиш најснажен мотор и најмоќен од сите, туку истиот мора да биде способен да извози 24 часовна трка во еден здив и притоа да нема никаков проблем. Менувачот е со шест брзини и со една, а не со двојна спојка. Зошто? За да биде полесен автомобилот. Двојната спојка е многу потешка отколку обичната, затоа Ферари одбрал единечна спојка. Пониско поставен мотор, пониско тежиште, нова аеродинамика, рамно дно и сето тоа води до поповолен потпритисок за цели 20 отсто во однос на „488 гт 3“. Тоа во превод значи новиот „леман болид“ на Ферари подобро лежи при големи брзини од претходникот.

Затоа трките се полезна работа. Таму се создаваат изумите, со трките се тестираат до крајни граници, а потоа тие искуства се вградуваат во туристичките автомобили.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.