EURO NCAP-НОВИ ПРАВИЛА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ

01/07/2020

НА СЕКОИ ДВЕ ГОДИНИ ЕВРОПСКАТА ПРОГРАМА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА ВОЗИЛАТА – EURO NCAP ГИ ОБНОВУВА И ЗАОШТРУВА СВОИТЕ ТЕСТ ПРОТОКОЛИ. ОВАА ГОДИНА СЕ ИМПЛЕМЕНТИРААТ НОВИ ТЕСТОВИ КОИ ЌЕ ГИ АДРЕСИРААТ НЕКОИ ВЕЌЕ ДОЛГО БАРАНИ ПОТРЕБИ ВО ДЕЛОТ НА ЗАШТИТАТА НА ПАТНИЦИТЕ, ЌЕ ДОНЕСАТ ПОДОБРУВАЊЕ ВО ДЕЛОТ НА РЕАКЦИЈАТА ВЕДНАШ ПО СООБРАЌАЈНАТА НЕЗГОДА И ЌЕ ГИ ПРОМОВИРААТ ПОСЛЕДНИТЕ НАПРЕДНИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА АСИСТЕНЦИЈА НА ВОЗАЧИТЕ.

 

Главна промена претставува имплементацијата на нова движечка преграда за фронталниот тест за удари на возило во движење, со што се заменува претходниот регулациски базиран умерен тест за мерење на деформации, кој Euro NCAP го користеше изминатите 23 години. Овој нов тест за удари не само што ја мери заштитата на патниците во возилото, туку истовремено оценува како предните структури на возилото допринесуваат за повредите во другото возило партиципант во колизијата. Значајни иновации се Мобилната Прогресивна Деформирачка Бариера и уникатниот метод за оценување на компатибилноста на возилото, како и пионерската примена на најнапредната „THOR“ средно – голема машка кукла за тестирање удари во светот.

Страничните удари се сметаат за втор најзначаен причинител на повреди кои резултираат со смрт или тешки повреди. Најновните подобрувања во оваа зона на безбедносните оценувања вклучуваат прилагодувања во однос на брзината и масата на страничниот тест со бариера од блиската страна, зголемувајќи ја тежината на тестот. Уште позначајно, Euro NCAP за првпат ќе врши евалуација на заштитата од импактот од далечната страна, фокусирајќи се на возачот и потенцијалната интеракција помеѓу возачот и сопатникот на предното седиште. Со овој тест, заштитата која се нуди со новите контра-мерки на пазарот, како на пример централните воздушни перничиња, ќе може да биде соодветно верификувана.

Euro NCAP продолжува со тестирање на последната генерација системи за превенција на сообраќајни незгоди и безбедносна асистенција на возачите. Нови, предизвикувачки тест сценарија се додадени за оценување на AEB (итното автоматско сопирање) за возилата и ранливите учесници во сообраќајот, како што се ситуациите со возење наназад и вртење на раскрсници. Како дополнување, преземен е првиот чекор за евалуација на системите за мониторинг на статусот на возачот, дизајнирани да препознаат умор или дистракција, како дел од оценувањето на Безбедносната Асистенција.

Подобрувањето на безбедноста на возилото не се состои само во повеќе воздушни перничиња или подобри системи за безбедносна асистенција. Реакцијата по сообраќајната незгода игра витална улога во можноста за преживување. Во партнерство со CTIF, Меѓународната Асоцијација на Противпожарни и Спасувачки услуги, Euro NCAP разви нови правила за оценување со кои ќе се промовира подобра заштита по сообраќајната незгода. Производителите ќе бидат наградувани кога информациите за спасување ќе бидат точни и лесно достапни. Euro NCAP, исто така, ќе ја проверува леснотијата за извлекување на телата, електричните рачки на вратите, итн. и ќе ги охрабрува напредните eCall функции.

Овие промени се главни столбови на новите Euro NCAP протоколи за 2020 година. Влијанието на овие новини, како и неколку други помали промени, ќе биде значајно. Затоа, потрошувачите мора да бидат внимателни кога директно ќе ги споредуваат последните резултати со оценувањата од претходните години. Она што останува исто е тоа што само оние возила кои ќе покажат одлични перформанси во заштитата од удари, избегнувањето на сообраќајни незгоди и добар одговор по сообраќајна незгода, се оние што потрошувачите треба да ги бараат и се тие што ќе добијат врвни Пет Ѕвезди оцена.

Светската пандемија зададе значаен удар на индустријата и тестирањата на Euro NCAP се привремено стопирани последните неколку месеци. Бидете тука за нови резултати по завршување на летото!!!

 

Мирко Гигов

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.