ПО ТЕСТИРАЊЕТО НА ТРИ ГОЛЕМИ OFF- ROAD ВОЗИЛА ВО ФЕВРУАРИ, EURO NCAP ГИ ОБЈАВУВА И БЕЗБЕДНОСНИТЕ ТЕСТОВИ ЗА ДВЕ ПОМАЛИ СПОРТСКИ ВОЗИЛА (SUV): НОВИОТ CITROEN C5 AIRCROSS И RANGE ROVER EVOQUE.
Возилото Citroen C5 Aircross е последниот член на фамилијата Citroen Aircross на компактни SUV возила и го заменува C4 Aircross чие производство е прекинато во 2017 година. C5 Aircross нуди безбедносна опрема во најголем дел како стандард, вклучително и предна камера што му овозможува асистентски функции на возачот и постигна 4 ѕвезди на безбедносниот тест Euro NCAP. Резултатот е 5 ѕвезди ако се избере дополнителен безбедносен пакет што вклучува радарски сензор во камерата за подобрување на перформансите на AEB City, AEB Inter-Urban, AEB Pedestrian и вклучува детекција на пешаци. Препорачливиот Safety+ Пакет е достапен на сите пазари и на сите варијанти на возилото.
Новата втора генерација на Rover Evoque беше објавена минатата година по долга антиципација. Иако овој популарен луксузен SUV многу потсетува на првата генерација возила тестирани во 2011 година од Euro NCAP, тој е комплетно нов под кожата. Особено, во однос на безбедносните критериуми. Напредок е направен во зоната на заштита на ранливите категории учесници во сообраќајот, со активна хауба и AEB за детекција на пешаци и велосипедисти. Со солидни резултати и во другите зони, на овие тестови Evoque доби 5 ѕвезди.
И C5 Aircross и Evoque беа тестирани како дизел-модели, предвидени да бидат едни од најдобро продаваните возила од овие категории, без оглед на континуираното намалување на популарноста на дизел-возилата во Европа. Оценувањата секако се валидни и за другите варијанти објавени на страницата Euro NCAP. Michail van Ratingen, генерален секретар на Euro NCAP, изјави: „Овие резултати покажуваат дека производителите сè уште се трудат и способни се да го достигнат максималниот број ѕвезди. Охрабрувачки е да се види широката имплементација и подобрување на напредните технологии, како AEB и одржувањето на линијата. Апсолутно добри вести се тоа што некои од базичните технологии за асистенција на возачите ќе бидат задолжителни од 2022 година, но благодарни сме што повеќето производители веќе се пред времето во однос на тие барања.“