EBRO S700-НАРЕДНАТА ГОДИНА ЕБРО ВЛЕГУВА ВО ПРОДАЖБА

31/05/2024

Има нешто ново и многу занимливо од Шпанија. Марката Ебро која датира од пред точно 70 години, не е многу позната надвор од матичната земја. Компанијата била создадена да произведува трактори и возила за превоз на материјални добра, доставни возила. Во ’80 години од минатиот век Нисан ја купува марката, но нејзинoто производство оди во друга насока и ѝ се губи трагот. Во денешно време некој се сетил на оваа марка и ја возобновува, ја враќа во живот. Чери за пробивање на европскиот автомобилски пазар влезе во Шпанија со договор да гради фабрика и воедно да ја обнови старата нисанова. Сигурно тука некаде е договорот марката Ебро повторно да заживее.

На Салонот за автомобили во Мадрид Ебро повторно се појавува по точно 70 години изложувајќи ги моделите „с 700“ и „с 800“, сув возила првото со класика од пет, а второто со седум седишта. „С 700“ е за 21 см покус од „с 800“, но познавачите на оваа индустрија велат  дека главен носител на продажбата ќе биде „с 700“ со должина од 4,51 м. Ебро ц 700 и „ебро с 800, всушност се модели на кинескиот гигант Чери, „тиго 7 про“ и „тиго 9 про“, и од нив се изведени двата модели со име Ебро. Што се однесува до погонските единици, најверојатно ќе има секакви, од бензинска класика (може и дизел да биде(!?)), хибридни, но и електрични. За почеток подготвуваат една ото и една хибридна единица (со приклучок) и силина од дури 350 коњи, а забрзување за помалку од 5,0 секунди.

Ако сѐ оди според планот, првите примероци треба да се појават во продажба на почетокот од наредната година. Производството ќе се одива со слободната стопанска зона во близина на Барселона и најнапред возилата од марката Ебро ќе бидат наменети само за домашниот пазар, а дали ќе ги има и на странскиот пазар ќе зависи од кинескиот производител Чери.

Ебро всушност е една од најдолгите реки во Шпанија. Оттаму потекнува името на компанијата создадена во минатиот век, поточно во 1954 год.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.