DONGFENG EP 007-И МАТЕМАТИЧАР И ТАЕН АГЕНТ

25/01/2024

Во автомобилската индустрија секој производител си има свој начин на работа. Овој пат кинеската компанија Донгфенг се претстави со моделот „еП 007“ (e-electro; π-математичка константа pi; e“ и „π“ се залагаат за создавање бескрајни можности за искуства со патувањето на клиентите). Тоа е електрична лимузина со должина од 4,88 метри и допадлив дизајн кој веднаш „паѓа“ во очи.

Класика од лимузина во купе стил, тоа е „донфенг еП 007“. Веднаш да кажеме дека производителот ја продава оваа негова најнова лимузина за фантастични 22.000 долари. Зборуваме за основната изведба со која ќе изминете скоро 630 км со едно полнење на батеријата. Има изведба која може да „претрча“ 1.200 км, но во таа има 1,5 литарски бензински мотор кој служи како генератор за дополнување на батеријата. Оваа лимузина има мала 28,5 kWh батерија способна да изминете околу 200 км, но со помош на генераторот, на пример, од Скопје може да стасате во Виена без класично дополнување на батеријата. Оваа изведба е поскапа, но најважно е што Донгфенг со речиси петметарската лимузина удира во конкуренцијата, ја руши цената, што е голем плус за купувачите.

Да напоменеме, автомобилот има коефициент на отпорот на воздухот од 0,209 Цд, 2,91 м растојание меѓу оските, аудио уред со 20 звучници, крилни врати (со доплата), еден куп сензори и камери и многу уреди кои се грижат за активната и пасивната безбедност, односно конструкторите оделе кон целосна заштита на патниците. Ова важи за северноамериканскиот пазар, а за европскиот Донгфенг сѐ уште размислува.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.