DENZA N7-ДЕНЗА, СЕРИОЗЕН ИГРАЧ

23/03/2023

Сѐ побрзата индустријализација и развојот на дигиталната технологија доведоа до мноштво нови производи речиси во секоја област. Автомобилската индустрија  во која до вчера срамежливо никнуваа нови марки, денес во ерата на електрификацијата новите марки на автомобили никнуваат како печурки по дожд. Во создавањето на марката Денза учествуваат БЈД (Билд Јуар Дримс) светски најголемиот производител на електрични возила (според статистиката за 2022 год.) и Мерцедес – Бенц, односно Дајмлер. Воедно, компанијата БЈД е првата во светот која ја пробила бариерата од еден милион продадени електрични возила. Ова значи дека работата со Денза е премногу сериозна за некој да тера шега.

„Денза н 7“ кој допрва треба да влезе во продажба, со јазикот на производителите на моторни возила е кросовер, но зачудува фактот што неговата каросерија е ниско поставена во однос на подлогата, а за чудото да биде уште поголемо, конкуренцијата го нема овој „детаљ“.

 

Производителот ќе понуди и хибридни и целосно електрифицирани изведби со силина во распон од 300 до 407 КС. По моделот „н 7“, Денза го навестува доаѓањето на моделот „н 8“ поголемиот сув со три реда седишта и со должина од над 5,0 метри. „Н седумката“ треба да се појави некаде во септември.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.