Стратегијата на БМВ во врска со електрификација на моделите оди еден чекор понапред. Баварската компанија во моментов покрај развојот на моделите со четири тркала, паралелно развива и модели на две тркала, односно мали мотоцикли. Баварската „работилница“ доволно е позната во светот по своите мотоцикли, но сега развива мали мотори, од тие таканаречените скутери и не било какви туку со електричен погон.
Според досегашните искуства на компанијата и истражувањата од страна на други субјекти, БМВ дошол до следниов заклучок, а тоа е колку просечно километри дневно изминуваат моторчињата. Според истражувањата моторчињата просечно во денот изминуваат по околу 12 километри. Затоа не е потребно развојот да биде насочен кон удобноста која е потребна за совладување поголеми растојанија, туку кон неговата лесна управливост и поголема употребливост. Всушност, БМВ развива скутер за куси релации, односно исклучиво моторче кое главно ќе биде возено во населените места, за брз превоз во сообраќајниот метеж, но и за потребите на полицајците, а одат и дотаму и велат можеби еден ден моторчето ќе им биде потребно и на космонаутите. Најверојатно мислеле на идните мисии на Месечината и Марс.
Моторчето кое го развива БМВ сè уште е концепт и е претставено под името „дефинишн це 04“. Батериите бидејќи се најтешки, тие се сместени во најнискиот дел од телото. Тоа од прилика значи поголема стабилност поради тежина сместена во најнискиот средишен дел од основата на моторчето.
Како и сите современи возила така и ова ќе биде снабдено со тој толку многу спомнуван монитор осетлив на допир и сега се нагласува неговата дијагонала од 7,5 инчи како најбитен елемент во сиот тој склоп. И сега таа единица ќе може да се поврзе со паметните телефони, така што ќе можеме да гледаме не екранот кој не бара или било што друго. Само не ми е јасно кој ќе вози додека тој што седи напред гледа во 7,5 инчниот монитор.
По оваа најава на концептот „дефинишн це 04“, светот очекува негово скорашно појавување во сериското производство, но конструкторот на концептот сè уште молчи за и околу деталите. Сепак е потврдено од негова страна за комерцијализација на концептот. За скутер кој може да измине околу 15 километри со едно полнење на батеријата, неговата цена би требало да биде поволна, а каква ќе биде ќе дознаеме кога ќе влезе во производство.