Кога станува збор за промовирањето на „паметно инвестирање“ и разумна форма на потрошувачка, брендот Dacia e предводник и усогласен со реалните очекувања на своите клиенти. Компанијата нуди едноставни, пространи, безбедни и робусни возила по најдобра цена на пазарот. Dacia ја обнови својата понуда со нов градски автомобил што е олицетворение на успехот што го постигнува брендот. Тоа е целосно новиот Dacia Sandero Stepway, авантуристичка верзија на Sandero што претставува 65 % од целата продажба на моделот во Европа, со повеќе од 1,3 милиони продадени автомобили од претходната генерација. Зголеменото растојание од земјата го прави Sandero Stepway разновиден авантурист во семејството на Dacia. Уникатниот ентериер и моќниот надворешен дизајн се смела изјава за бегство и авантура. Зголемената диференцијација го издвојува од целосно новиот Sandero и ја зајакнува репутацијата на кросовер во ДНК на новиот Sandero Stepway.
Целосно новиот Sandero Stepway е веднаш препознатлив по уникатниот преден дел, хромираното лого на Stepway под предната решетка и заоблените браници над светлата за магла. Предните и задните браници вклучуваат метална лизгачка плоча во боја на каросеријата, дизајнирана за да ја заштити оригиналната боја од секојдневните гребаници. Новиот Sandero Stepway се карактеризира со основни дизајнерски елементи на кросоверите – зголемено растојание од земја од 174 mm (пораст од 41 mm во споредба со Sandero, пред сѐ, од поголем дијаметар на пневматиците), држачи на кровот со испишано лого, специјално текстурирано и армирано дно на вратите. Стандардните верзии се опремени со 16-инчни flex фелни, чии прецизно дизајнирани облоги ги реплицираат оние на „вистинските“ алуминиумски тркала, како опција се достапни и ексклузивни фелни со дијамантски пресек од 16-инчи на верзијата Stepway, со цел да го подобри изгледот на кросоверот. Кровните држачи на Sandero Stepway визуелно се многу привлечни, но, исто така, се и приспособливи. Со користењето на клучот што е сместен во совозачката фиока, тие може лесно да се расклопат за само неколку секунди и да се претворат во држач за кровот со носивост од 80 килограми, што е исто како и стандардните кровни држачи. Овој софистициран и патентиран систем е пример за сè што Dacia застапува: паметни, практични, едноставни и безбедни системи. Навлаката во ентериерот е со логото Stepway, а панелите на вратите, како и инструменталната табла има портокалови шевови и вметнати декоративни детали. Моторизацијата е составена од 1.0-литарски бензинец што доаѓа во три верзии на моќност. Најслабата атмосферска изведба испорачува 67 КС, следува верзијата со 90 КС што добива дополнителна сила од турбополнач, а најмоќната варијанта произведува 100 КС и доаѓа единствено во комбинација со фабрички вграден уред на гас.