DACIA MANIFESTO CONCEPT-ДАЧИЈА ВЛЕГУВА ВО АВАНТУРА

27/09/2022

Ако нештата одат според неодамна претставеното тогаш Дачија се сели од класиката во делот на теренските возила. Одговорните велат Дачија сака да им излези во пресрет на љубителите на природата. Концептот „манифесто“ е потврда за желбата на Дачија да влезе во светот на теренските возила.  И прво одговорните во компанијата  го толкува овој потег како зближување со тие што сакаат почесто да одат во природа.

„Дачија манифесто“ е електрично возило со погон на сите тркала, спартански опремено, односно со најпотребните „алатки“. На пример, навлаките од седиштата можете да ги извадите и добивате вреќи за спиење, а внатрешноста можете да ја исчистите многу лесно, со црево и млаз вода. Возилото нема врати, нема ветробрански стакла и сето тоа за директен контакт на авантуристите со природата.

Дали ваквиот чекор на Дачија се должи на тоа што Рено ја купи Лада и сега новата „лада нива“ треба да биде нешто како „дачија сандеро“ само во друго пакување, а таа „суровата“ изведба да биде нешто како концептов. Работата со сопственоста над Лада се заплетка поради новата светска состојба и сфери на влијанија. Рено излезе од зделката со Лада на одредено време со назнака дека може повторно да се врати и да биде сопственик, но паузата да не е подолга од пет односно седум(?) години. Во моментов Лада е самостојна и продолжува да произведува возила, а Дачија како што спомнавме има желба да стане марка која ќе произведува сериозни теренски возила. Иако концептот „манифесто“ нема да мине во производство, сепак ќе биде отскочна даска за понатамошниот развој на возилата кои допрва треба да се појават.

Дачија во иднина ќе претстави нови концепти и најверојатно некој од нив ќе стане сериски. Ќе биде мошне занимливо да видиме до каде ќе стаса Дачија со својот план и дали зад оваа идеја се „крие“ легендарната „лада нива“ и дали послужила како инспирација.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.