Речиси во исто време со фотографиите од концептот „лада нива вижн“, е претставен и концептот „дачија бигстер“ чија должина изнесува 4,6 метри. Со таа должина се овозможува влегување и во погорната класа на сув возила, а тоа, пак, повлекува повеќе потенцијални купувачи.
Второ нешто што ќе привлече повеќе купувачи е третиот ред седишта, односно вкупно седум. Возилото е направено на приспособлива основа именувана како „цмф – б“ на која се веќе направени „дачија сандеро“ и „рено клио“, а во најава е истата основа да ја користи и легендарната „лада нива“, односно нејзиниот наследник.
Производителот не кажува кога ќе се појави серискиот модел, но го нагласува вградувањето на повеќе видови мотори, главно ќе се вградуаат хибридни и електрични погонски единици.
Жарко Атанасоски